Не гледаме ништо проблематично и Бугарите да се впишат во Уставот, рече Бујар Османи за БТВ

Шефот на дипломатијата, Бујар Османи, во интервју за БТВ, а во пресрет на посетата на македонската делегација на Софија, предводена од премиерот, Димитар Ковачевски, даде одговори на повеќе прапања, нагласувајќи дека се очекуваат резултати од двете страни и од Северна Македонија и од страна на Бугарија.

Во однос на работата на Заедничката комисија за историски и образовни прашања, Османи посочи дека земјава досега смени двајца свои претставници во ова тело, додавајќи дека Бугарија не го променила својот состав. Тој вели дека Софија можеби би требало да го искористи искуството од С. Македонија.

– И двете држави имаат интерес комисијата да биде продуктивна, вели Османи.

На прашањето како го оценува условот од страна на Бугарија, македонските Бугари да бидат вклучени во Уставот на Северна Македонија, Османи вели дека не гледа ништо проблематично во вклучувањето на која било друга етничка заедница и во нејзино интегрирање.

-Република Северна Македонија во светот е позната по степенот на колективните права на граѓаните, особено по потпишувањето на Рамковниот договор со кој се воспоставија односи меѓу државата и етничките заедници. Ова беше желба за обнова. Не гледаме ништо проблематично да се вклучи некоја друга етничка заедница, да се интегрира, но и да се покаже одговорност и лојалност кон државата. Конкретно, можам да зборувам за Рамковниот договор, како претставник на етничка заедница овде што има корист од Рамковниот договор, но тоа не беше само за Албанците и Турците, и Србите, и Власите и Ромите, туку можеби и Бугарите станат дел, посочува Османи во интервјуто за БТВ. 

ФОТО: Фејсбук