(Не)Луѓето околу премиерот Таче (2)

На сите браќа и сестри од исламска вероисповед им го честитам големиот празник Рамазан бајрам.

Дефинитивно му честитам на Таче. Како си ги работи ТВ станициве, буквално како бавча. Значи дефинитивно е прав СДСМ, они ви викаат ако те поздравам ти мора три дена да имаш насмевка од уши до уши. Телевизиите ќе биле ослободени од лиценците кон државата и трошокот кон мултиплексите на А1. Драги читатели џабе Виктор пишува и предупредува. Во претходната колумна напишав дека Таче пробува да уценува две национални телевизии. Сител и Телма. Сега уцената ја проширил. За 120.000 евра субвенција сака да ја купи нивната уредувачка политика. И овие ко волови у расолница, не у купус. Па оваа понуда не „чини“ ниту бебешка шака сончоглед. Ова е шака јада.

Знаете другари читатели која е целта: Да им ги наведне главите на Ѕинго, фамилија Стојменови, Андреја и цел Макпетрол, Роби и цел Телекабел и останатите. Затоа еве еден другарски предлог за споменативе: ПЛАТЕТЕ ЗА НАРЕДНИТЕ 3 ГОДИНИ СЕ’! Ќе плачат, ко најголеми кукавици тие советниците околу Таче.

Значи од овие околу Таче неможам глава да дигнам. На секои два дена глупости. Па, јас не сум новинар да ве пратам секој ден, јас сум КОЛУМНИСТ.

Си викам ќе си најавам нова колумна за криминалот и корупцијата под владата на СДС и ќе ја прозивам Славица Грковска да ни каже мислење за уцените кон Сител Телевизија, Латас, Сеад Кочан и целата негова империја, како Фехми Стафа ги фати живи итн…

Плус да се сконцентрирам на ликовине што ги најавив во претходната. Кога еве нови ликови со ептен глупост. Јованка и Бисера како и да им беше после презимето, иначе као демек министерки.

Ај прво Јованка. Се буни за Дедо Петар и негово богохулие. Јованке кога ќе ги прочиташ текстовите со наслов „Долгите прсти на Дедо Петар“ од Серјожа Неделковски, во неделникот „Дело“, тогаш можеш да говореш.

Од почит лично како кон жена имам само едно воспитано прашање – Зошто не го коментираш и поднесеш кривична пријава до Васко Ефтов, кој во неговата емисија се изјасни на следниов начин: Кога некоја девојка Ви е симпатија, ја викате на кафе и се знае како тоа завршува.

Јас имам две ќерки, а ти сестра близначка. На тебе е редот министерке.

Да продолжам со другата. Оваа министерка најлесно е да ја навредуваш. Јас би сакал да имам поинаков пристап. Бисера, пак, како жена е лична исклучиво за нејзиниот сопруг, а за Македонија мора да биде убава како човек министерка. Драга Бисера ти си битолчанка, а тоа значи секогаш „сета жена со стил“. Битолчанки се поим за средени и воспитани жени. Остај политика. Пред се’ и над се’, си битолчанка.

Туку да си прејдам од најавата од претходната колумна на дело.

Мартин Попов шеф на кабинет на Претседателот на Владата на Македонија сака да биде пали-гаси во Македонија. Нормално во прашална форма:

  1. Дали е вистина дека Мартин Попов на своја иницијатива сакал лично од лукративни причини да се покаже како голем другар на Димитар Ковачевски-Таче и му ветил дека ќе го дислоцира Стево Пендаровски-Претседател на Македонија, од сите можни и неможни контакти за време преговорите помеѓу Србија и Косово во Македонија. Дали, иако бил предупреден дека првиот контакт за мировни преговори во Македонија доаѓаат од порано (Заев и Пендаровски) кажал: Сега може К*р да бричат двајцата. Има нов газда. Дали е вистина иако бил предупреден од СОЗР дека газда на вилата Биљана (претседателската) е Стево Пендаровски, се обратил со омаловажувачки тон кон Миле Бошњаковски (генерален секретар на Претсдателот): Кажи му на тој дебелиот да не се удаи како Бугарите?
  2. Дали Мартин Попов можеме да го споредиме со Мартин Протуѓер? Дали Злобниците велат: Попов интелектуално на Протуѓер му е до ноктите на малите прсти од ногата, а ако сакал да му биде до колена во висина морал да се качи на цреша и да вика на цел глас Владеее Дииивац?

Во оваа држава се нема ред и затоа сме таму каде што сме.

Да продолжам со другите.

Никола Димитров. Овој човек за кого мислите дека е предавник на македонскиот народ на гостување кај Мишко Иванов вели дека треба да се фатиме за европскиот пат и неговите вредности. Еве ги неговите и во трите паралели му се обраќам со буљашче ситно:

  1. Вели дека бил дел од Амстердамската тројка-демек дипломати. Дали е вистина дека на колумнистов сметководителот му ги подаде сите документи како неговиот другар потрошил средства за медицински симпозиуми во кариерни дипломатски трошоци? Подоцна другарот заменик министер за здравство откако ги потрошил парите и љубовницата го откачила, плачел кај сопругата (ќерка на газда на големи маркети). Станува збор за 100.000 евра европски пари со класична измама.
  2. Од позиција на сила како министер го испраќал вработениот сопруг на љубената (Катерина Синадиновска новинарка и претседател на Совет за етика во новинартсвото) на патишта за овој да и дојде во прегратки. Е сељак еден, неизживеан. Па, јас што сум направил ти во три живота да се родиш неможеш 1% да помислиш на моите глупости. Ама има едно правило. Државни пари за влажни соништа не се користат!
  3. Боки е член на ЛиДеМ-Карпош. Да знаев дека е он вработениот се колнам дека одма имаше да му кажам. Му се извинувам јавно што не ја знаев таа информација. Перо Теов ми е сведок.

Бојан Маричиќ.

Поопширно во следната. Овој господин ни вели дека ако сме ги внеле Бугарите во уставот ќе сме го бетонирале идентитетот. До кога бе вакви будали?

Еве вака. Јас Виктор Грозданов водам директно потекло од прота Матија Ненадовиќ (први председник Правитељствујушчег совјета.) Ти ли бе на нас ќе ни кажуваш кој сме ние? Кој си бе ти? Врати тепихот татко ти што го изрекетирал, па после збори. Да запамтиш нешто. Мојот кум Владимир Петровиќ што ми крстел три деца, се попишал како Србин и напишал Македонски ми е мајчин јазик.

Да живее Македонија!

 

Автор: Виктор Грозданов за НетПрес