Нејмар ќе и враќа пари на Барселона

Шпанскиот прволигаш Барселона ја доби правната битка со поранешната ѕвезда на клубот Нејмар Жуниор.

Каталонците и напаѓачот влегоа во конфликт откако Бразилецот одлучи да си замине од „Камп Ноу“ во 2017 година во Пари Сен Жермен и тоа за рекордна сума на пари од 222 милиони евра. Нејмар сметаше дека Барселона му должи 43,6 милиони евра, сума која според него и неговите адвокати му следувала како бонуси поради продолжување на договорот во 2016 година.

Од таборот на Барселона не сметаа така и рабатите завршија на суд кој пак сега одлучи во полза на клубот, па така играчот ќе мора да ги врати 6,7 милиони евра што своевремено ги замал од гигантот.

Луѓето во Барселона се задоволни од пресудата, но во исто време не сакаат да даваат дополнителен коментар затоа што Нејмар има право да се жали на одлуката.