Нејмар годишно заработува колку целиот тим на Аталанта

96

Четвртфиналиот дуел во Лигата на шампионите меѓу Аталанта и Пари Сен Жермен ја дава најголемата несразмерност кога станува збор за парите кои се трошат на плати и играчки засилувања.

Анализирајќи ги платите на играчите, италијанскиот спортски весник La Gazzetta dello Sport заклучил дека бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар годинишно заработува колку и целата екипа на Аталанта. Имено, напаѓачот на ПСЖ има годишна плата од 36 милиони евра, додека кај Аталанта се најплатени се Папу Гомез, Јосип Иличич и Дуван Запата, кои заработуваат по 1,2 милиони евра по сезона.

Огромна е разликата и кога станува збор за трансферите на играчите. ПСЖ во летото 2017 година го доведе Нејмар плаќајќи ѝ на Барселона рекордна отштета во историјата на фудбалот во износ од 222 милиони евра, додека во јули 2018 година од Монако го доведе Килијан Мбапе за 135 милиони евра.

Од друга страна, најскапото засилување на Аталанта е колумбискиот напаѓач Луис Муриел за кого во јули 2019 година на Севилја ѝ беа платени 20 милиони евра отштета, а на второ место е хрватскиот интернационалец Марио Пашалиќ за чиј договор ова лето на Челзи му беа исплатени 15 милиони евра. Најдобриот играч на тимот од Бергамо, аргентинскиот играч Папу Гомез, чинел само 4,5 милиони евра, колку што во 2014 година му платител на украински Металист од Харков.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.