Нејмар во аут за Бразил – Аргентина

Повредената бразилска фудбалска sвезда Нејмар не влезе во составот на „селесао“ за претстојните пријателски натпревари со Аргентина и Република Кореја.

Сепак, отсуството на напаѓачот на Пари Сен Жермен во никој случај не е единственото изненадување, бидејќи многумина ќе запишат свое деби, вклучувајќи го и играчот од средниот ред на Астон Вила, Даглас Луис и дефанзивецот на Реал Мадрид, Родриго. Голманот на Рома, Даниел Фусато и 20-годишниот дефанзивец Бетис Емерсон исто така беа меѓу оние што првпат ги повикува Тите.

Бразилскиот селектор нема избрано ниту еден играч од локалниот шампионат, кој е во решавачката фаза и има кола дури и за време на паузата за национални тимови.

Бразил ќе игра со Аргентина на 15 ноември во Саудиска Арабија, а четири дена подоцна ќе се сретне со Република Кореја во Абу Даби.