Не ми го вештачат телефонот бидејќи имам разговори со Заев и Мијалков

Првообвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски рече дека намерно не се вештачи неговиот мобилен телефон поради тоа што може да се докаже дека имал комуникација со Зоран Заев и Сашо Мијалков.

– Мојот телефон не се вештачи затоа што имам комуникација со Зоран Заев и Сашо Мијалков. Јас сум бил сведок дека они им ветуваа ослободување и олеснување на мерките за да повикаат на референдум и за уставните измени. Ова може лесно да се провери дека на 10 ноември 2019 јас се сретнав со Заев, а тој ми рече дека Катица направила голема грешка со предметот „Империја“ -тврди Јовановски.

Она што сите се прашуваме во случајов е каде се парите, каде е тој 1,5 милион евра што наводно ги дал Камчев, додаде Јовановски.

Тој истакна и дека Кичеец ги снимал Мицкоски и Заев.

– Јас сум сведок дека Кичеец го снимаше Мицкоски, го снимаше Заев, ме снимал и мене и тоа го употреби во Обвинителство како доказ против мене. Јас не се плашам од никого, ниту од Вице, ниту од Зоран Заев. Ме видовте ли дека јас носам некаква торба. Кичеец и Камчев имаа земање-давање. Јас знаев дека Русковска нема да дојде денеска, жалам што не дојде зошто носам марама Луј Витон и сакав да и ја подарам за да види дека овој монограм на Луј Витон го има и на други торби и куфери кои јас ги поседувам, а таа тврди дека Луј Витон торбата што ја носи Кичеец завршила кај моите родители. Торбиштето на Луј Витон што го носи Кичеец, не е истата што ја имам јас – рече Јовановски и покража фотографии на други торби Луј Витон и куфер што тој ги поседува.