Не може да бидеме условувани со неуспехот во други држави, мора индивидуално да се вреднуваме, смета Домитров

22

Шефот на дипломатијата Никола Димитров, пред собраниската Комисија за европски прашања за одлуката на Советот на ЕУ, рече дека врзувањето на нашата европска кандидатура со таа на Тирана, било голем предизвик.

– Голем предизвик беше врзувањето на нашата европска кандидатура, на нашата судбина и иднина со таа на нашите соседи во Тирана. Тука мора да најдеме начин директно со Тирана како да издејствуваме формула двете да бидеме среќни, а не двете да бидеме подеднакво несреќни. Тоа е едно важно историско искушение да разбереме дека на Балканот и успехот на една добра помага на другата и е добра вест за целиот регион, рече Димитров.

Тој оцени дека има голема голема логична неконзистентност да се зборува за подобрување на методологијата на пристапниот процес, а притоа, како што рече, да се руши клучниот суштински принцип на проширувањето, а тоа е секому според заслугите.

– Нашата судбина беше да изгубиме цела генерација поради разликата со името со нашите соседи во Грција. По тоа прашање делумно имамвме влијание, решавањето на спорот со Грција беше во наши раце. Состојбата да ги решиме проблемите во другите земји не е воопшто во наши раце и не може да бидеме условувани со успехот или неуспехот во други држави. Ние имаме и интерес Албанија да успее, бидејќи сме добри соседи. И немаме проблем да бидеме во пакет заедно ако тој пакет значи две зелени светла. Но, имаме проблем да зависиме од услови врз кои немаме влијание, бидејќи така никаква методологија нема да го подобри пристапниот процес, подвлече Димитров.

Шефот на дипломатијата оцени дека во наредните месеци мора да се изнајде решение за, како што рече, победници да излеземе и ние и Тирана и Франција и целата Европска Унија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.