Не му оди со сопругата, не му оди со тимот… Тешко е да си Арсен Венгер

Пукна тиквата - Арсен Венгер се разведува

Арсен и Ени долго време беа во љубовна врска, имаат и 18-годишна ќерка, но во брак стапија дури во 2010 година.

Сепак, тие не се појавиле заеднички во јавност уште од 2013 година, поради што кружеа гласини дека нивниот брак е пред колапс. Како што наведуваат одредени таблоиди, двојката веќе некое време не живее заедно, договорени се финансиските детали, а останува само уште формално да се разведат пред судот во Стразбур, родниот град на Арсен Венгер.

Покрај љубовните проблеми, долгогодишниот менаџер на Арсенал се соочува и со лоша форма на својот тим, што е само капак на периодот кој сигурно ќе сака да го заборави што е можно побрзо.