Не очекува облачно и дождливо време

Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно со повремен дожд, а попладне со услови за поинтензивни врнежи проследени со грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град. Преку денот ќе дува слаб северозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од седум до 12, а дневната од 16 до 21 степен.

За време на викендот ќе продолжи период на променливо облачно време со почести врнежи на дожд кои наместа особено во попладневните часови ќе бидат поројни проследени со грмежи и засилен ветер.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.