Денвер доживеа тежок пораз на гостувањето против Њујорк со 122-84 во синоќешнот меч во НБА лигата, и тоа по серија од три едноподруго победи.
Њујорк, пак, ја запиша петтата едноподруго победа, и покрај тоа што на спротивната страна го имаше Никола Јокиќ кој мечот го заврши со 31 поен, 11 скока и три асистенции, но не му помогна на својот тим да се спаси од поразот.
Кај Њујорк најдобар беше Огуга Ануноби со 26 поени, а Џејлен Брансон дополни со 21 поен.
Пораз, по шест едноподруго победи, доживеа и Филаделфија на гостувањето против Индијана со 134-122.
Ембид повторно беше најдобар кај Филаделфија, постигна 31 поен со седум скока и три асистенции, а Тајрис Мекси постигна 22 поени.
Кај победниците, Паскал Сијакам запиша 26 поени, Мајлс Тарнер имаше 20 поени, а Нембхард заврши со 19 поени.