Не преживеа дабот што го засадија Трамп и Макрон

© AP Photo / Andrew Harnik

Дабот кој го засадија во април минатата година американскиот претседател Доналд Трамп и францускиот челник Емануел Макрон се исуши, пренесува во саботата парискиот дневен весник Le Monde.

Во април 2018 година францускиот претседател Емануел Макрон престојуваше во државна посета на САД по повод 250-годишнината од воспоставувањето на односите меѓу двете земји. Во текот на посетата, Макрон и американскиот претседател Доналд Трамп го засадија „дабот на пријателството“ во градината на Белата куќа. Дабот бил донесен од северниот дел на Франција, каде што во Втората светска војна започнало истоварувањето на американските војници. Како што изјави тогаш францискиот челник, дабот требаше да биде симбол на долгите односи меѓу двете земји.

„Малиот даб не преживеа, а тревата повторно го прекри тревникот на Белата куќа, на местото каде што го засадија Доналд Трамп и Емануел Макрон“, пишува весникот.

Весникот Le Figaro, пак, ги потврдува информациите на Le Monde и истакнува дека стеблото не ја издржало карантинската фитосанитарна контрола која ја спровеле надлежните американски служби по неговото засадување. Како што се појаснува, американската Царинска и погранична служба во рамките на министерството за земјоделие, спроведува карантин при увозот на растенија, семиња, па дури и почва, со цел да се избегне ширењето растителни болести или пренесување инвазивни видови инсекти.