13.8 C
Skopje
понеделник, октомври 7, 2024

(Нe)професионалната работа на Државниот просветен инспекторат

Во правната терминологија, односно законите што се запишани за сите институции во системот на Република Македонија, како и државни комисии стои дека се во состав на државен орган, дека се почитуваат начелата на законитост, совесност, професионалност, работење во интерес  на граѓаните, транспарентност, борба против криминалот и корупцијата, непотизам, судир на интереси, согласно законската регулатива. Многу убаво срочено. Притоа, пишува дека нашите закони биле компатибилни со европските закони. Да, во законите пишува, но како се имплементираат законите? 
Што е  Државниот просветен инспекторат?
Согласно законската регулатива, орган на државна управа, има својство на правно лице. Вршењето просветен инспекциски надзор опфаќа надзор во основните, средните училишта, детските градинки, установите за образование на возрасните, установите за образование и оспоособување на учениците со посебни потреби и врши надзор над примената на законите и другите прописи и општи акти од областа на воспитанието и образованието. Во високото образовните и научни институции инспекцискиот надзор се врши над примената на законите со кои се уредува високообразовната и научната дејност, за прашања утврдени со овој закон. Инспекцискиот надзор се врши и над извршувањето на законите, другите прописи и акти со кои се уредуваат ученичките и студентските домови. Во постапките при вршење на инспекцискиот надзор се применуваат одредбите од Законот за инспекциски надзор, Законот за просветна инспекција, Законот за основно, средно, високо образование и слично. Државниот просветен инспекторат го води Директор, кој по предлог на Министерот за образование и наука го именува Владата на Република Македонија. Државните просветни инспектори се самостојни  во своето извршување на инспекцискиот надзор и постапуваат согласно одредбите од законските регулативи, професионално, законито, совесно, против криминал и корупција, судир на интереси како и согласно главните начела предвидени горенаведените закони.
Практичното делување на Државниот просветен инспекторат
Практиката покажува сосема друго. Државниот просветен инспекторат работи под надзор на Владата на СДС и ДУИ. Имено, тоа се потврди од незаконските унапредувања на владини функционери како што беше: Од извршен редовен инспекциски надзори на Меѓународниот универзитет во Струга, од страна на Државните просветни инспектори се констатирани незаконитости во делот на ненострифицирани 800 дипломи. Воедно се констатирани докторски дипломи кои се ненострифицирани, при што не е запазена законската регулатива согласно Законот за високо образование, и има нивно унапредување во наставно-научни звања во доценти, вонредни професори. Каде беа инволвирани судии од Управниот суд Скопје, Основниот суд Струга и Апелациониот суд Битола. Како и инволвирани луѓе од високата политика, со барање да се забошотат сите незаконитости.Сличен е случајот со новоотворениот Универзитет „Мајка Тереза“ во Скопје, кој започна со работа незаконито без акредитација. За вака, констатираните состојби од моја страна на овие универзитети и покрај сите укажувања до директорот на ДПИ Томе Спироски и главниот инспектор Африм Саљиу, не ми беше овозможено да извршам контролен инспекциски надзор, туку истиот го направи друг инспектор. Сето тоа, затоа што имало политички договор меѓу ДУИ и (поранешната) министерка за образование и наука Рената Дескоска, да не се чепка по овој универзитет, зашто наводно ќе имало политички импликации за Владата.
Иста е состојбата со непочитување на законитоста и борба против непотизмот и судир на интереси од страна на Директорот на Државниот просветен инспекторат Томе Спироски и инспекторот Африм Саљиу кои вршат притисок врз државните просветни инспектори, поконкретно кон мене, спроведуваат мобинг поради констатираните   незаконски унапредување на јавни функционери во наставно-научни звања на Државниот универзитет во Тетово-Правен факултет, на (поранешниот) министер за образование и наука Арбер Адеми во наставно-научно звање доцент, на (поранешниот,а сега актуелен заменик министер за правда) Агим Нухиу во предвремен избор вонреден професор, и директорот на Државниот завод за индустриска сопственост Сафет Емрули од помлад асистент, асистент,се унапредува дури до редовен професор. Невиден образовен скандал истите овие владини функционери, односно  јавни функционери незаконито склучиле и Договори за интелектуални услуги (за изведување настава) со Државниот универзитет Тетово и примиле паричен надоместок (авторски хонорари) преку Македонската авторска агенција, став 14 од Законот за високо образование. Тоа е злоупотреба на службената положба, криминал и корупција.
За сите овие незаконитости добивам заканувања, мобинг од страна на Директорот на Државниот просветен инспекторат, Томе Спироски, заедно со  раководителот на секторот Африм Саљиу ми вршат притисок и мобинг да се сокријат констатираните незаконитости, да се повлечат записниците и решенијата во спротивно ќе има консеквенции кон мене и дека ќе имам последици и ќе се поведе дисциплинска постапка. По ваквите закани ги информирав Државната комисија за спречување на корупцијата, ги информирав домашните и странските институции и средствата за јавно информирање. Ваквиот образовен криминал го подржаа премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. (Поконкретно и опширно има во мојата книга „Трулежот на системот во Македонија“ – з.а.).
Тоа беше пораката на директорот Томе Спироски, до другите колеги инспектори: „ако небидат послушни, ќе бидат дисциплинирани како Илиевски“. После тоа продолжува полтронската работа на некои инспектори како што се: Африм Саљиу унапреден во раководител во инспекторатот за инспекциски надзор и раководител во одделението за високо образование за инспекциски надзор, Даниела Кироска и Христина  Јовановска полтрони на директорот Томе Спироски и Африм Саљиу работаат незаконски и непрофесионално, понатака за полтронскиот однос кон претпоставените се наградени и тоа: Валерија Атанасова унапредена да биде покрај раководител и член на други комисии, Антоанела Стојаноска е унапредена во раководител  на одделение во прилепско-битолскиот регион, како и други привилегии на разни проекти, Бесим Алија во раководител на одделение, Хермина Николовска има посебни привилегии, Џавит Сулејмани и Гоце Крајчески полтрони на претпоставените. Ова се само дел на вработени  и просветни инспектори кои работаат по диктат на претпоставените, а не по однос на законската регулатива и професионалниот однос кон својата професија. Дали е овој професионализмот на инспекторите? За жал, тоа е.

Иако, Државниот просветен инспекторат е информиран и известен за состојбите на приватниот универзитет ФОН-Скопје, како и министерката Мила Цароска, како и Одборот за акредитација и евлуација, како и МВР- странски сектор, никој не врши инспекциски надзор за незаконитостите на студиските програми на англиски јазик кој не се акредитирани. Зошто реагираат професорите и оние професори кои го напуштија универзитетот. Како може ректор на универзитетот (Фрчковски) лустриран да врши јавна функција ректор и декан на истиот универзитет. Некои државни просветни инспектори се „советници“ и помагачи на овој универзитет. Зошто несмее да се извршат инспекциски надзор. Дали се проверија странските лица. Дали имаат работна виза во Македонија и други прашања. Заштитата доаѓа од Зоран Заев,кој беше предложен за нобелова награда од тогашниот ректор Нано Ружин.

Зошто ниеден просветен инспектор не го провери досието на Зеќири генералниот секретар на Владата (каде што кум му е Зоран Заев) како дипломирал на Универзитетот на Југоисточна Европа Тетово (Штулов универзитет). Дипломирал во 2001 година, кога е формиран и универзитетот. И како се запишал кога има завршено средно верско училиште, што е спротивно на законските прописи.

Каде се крие криминалот во образованието. Дали е во тоа Државниот просветен инспекторат кои го помагаат криминалот и корупцијата. Како може државен просветен инспектор да изврши вонреден инспекциски надзор во средното стручно училиште „Ѓошо Викентиев’ во Кочани по преставка и предходно барање на ДКСК, каде што директорот врши интервју за прием на работа на својата сопруга и ја прима на работа.  Класичен непотизам и образовен криминал. И инспекторот кој го врши вонредниот надзор е раководител на источниот регион Тања Алексова од Штип (блиска со директорот Томе Спироски), констатира од инспекцискиот надзор дека нема незаконитост во приемот на сопругата на директорот. Ова е класичен пример на несовесно и непрофесионално работење на еден државен просветен инспектор. Се поставува прашањето: Дали е време за трансформирање на Државниот просветен инспекторат-сите инспектори да ротираат во својата работа? Зошто спие Инспекцискиот совет? Зошто спие Просветниот инспекторат? Дали во образованието криминалот и корупцијата се крие во ДРЖАВНИОТ ПРОСВЕТЕН ИНСПЕКТОРАТ?

Повелете одговорете!

Автор: Ѓорѓи Илиевски, Виш просветен инспектор во пензија за НетПрес