Нашиот став поврзан и со едниот и со другиот договор е јасен и тука е непроменет. Ниту со договорот со Бугарија, ниту пак со нашиот јужен сосед. Ние ниту сме се согласувале, ниту пак можеме во иднина да се согласиме со тоа што е таму, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во гостување во емисијата 360 степени на Алсат М.
Но, сме кажале за да направиме било какви промени таму нас ни се потребни определени услови кои што ќе се трудиме да ги задоволиме. И тука нема никаква дилема. Прв приоритет ни преостанува, приближувањето на Македoнија кон Европската унија, вели Мицкоски.
Тој уште дополни дека доколку ние сакаме да се провлекуваме ни стои пат, тогаш да потребни ни се вакви ултиматуми и тука нема никаква дилема.
И овие ултиматуми ќе не потсетуваат на предавството и капитулациите на Зоран Заев и СДСМ, и тука нема апсолутно никаква дилема.
Никаде не пишува да ги промениме свидетелствата. Кој го тераше Зоран Заев да ги промени свидетелствата кога ние се уште не сме го отвориле поглавијето за образование, кажа Мицкоски.