Не сака митови за Косово, сака мир со Албанците, но ќе ги брани Србите ако треба

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска одржа невообичаен говор во Косовска Митровица, повикувајќи ги Србите и Србија да се откажат од бројните национални митови, кои со децении беа основа на српската политика кон Косово и си замина со порака дека нема решение, а не е ни блиску до него.

Утринава состојбата беша тензична по блокада на патиштата од поранешни припадници на ОВК. Тие блокираа пет локации на патиштата кон селото Бање, каде Вучиќ требаше да се обрати на српското население. Од блокадите се пукаше со огнено оружје и се палеа гуми, па косовската полиција по налог на премиерот Рамуш харадинај не му дозволи да Вучиќ да оди во Бање. Поради тоа српскиот претседател се врати во Косовска Митровица и ја заврши дводневната посета.

Мојата работа не се ниту митови, соништа или привидувања, ниту слепа визија за Косово без Албанци или Косово без Срби. Мојата работа е реалност. Тоа што е, сега и тука, на ова Косово, во оваа Србија, а не на некоја небесна. Паднавме од тоа небо. Паднавме и сериозно се искршивме. Главите се крвави, рацете скршени. Мораме и ќе мораме да живееме заедно и едни покрај други. И затоа ќе преговараме и разговараме до изнемоштеност ако треба. И поради тоа дојдов на Косово да ви кажам дека некој, некогаш во иднина ќе мора да постигне компромис со Албанците. Решението не е на видик, но се надевам и го молам Господ да се случи во наредните 10-20 години. Се друго би значело крај на нашето постоење на Косово и Метохија, порача Вучиќ.

Тој рече дека во Брисел не се гледа решението на проблемот, но ако тоа се случи, за тоа најпрво ќе бидат информирани Србите во Косово, а не во Брисел или Белград.

Откако вчерашниот ден помина без тензии, што предизвика одредени критики на Косовците кон властите во Приштина, денот почна со демонстрации на албанското население кое побара од Вучиќ да се извини за злостоствата врз Албанците, за да го пуштат во Бање, каде живее мнозинско албанско население.

Од друга страна, од Брисел изразија незадовоство што на Вучиќ му било оневозможено да го посети Бање.