Не се големи изгледите за скора победа на Украина, оцени Пентагон

САД ќе ѝ помагаат на Украина да се брани од руската агресија колку и да е потребно, но руската моќ се уште е голема и изгледите за скора воена победа не се големи, изјавија во средата највисоките американски воени челници и додадоа дека Киев е тој кој ќе одреди кога и како ќе преговара со Москва.

„Украина ќе продолжи да пружа отпор. Украина нема да се повлече“, изјави во Вашингтон генералот Марк Мили, командант на Здружениот штаб, додавајќи дека Украина е слободна и дека „сака да остане слободна“.

Мили претходно во вторникот беше критикуван од Киев поради украинската загриженост дека САД би можеле да го натераат Киев да бара мировно решение со Москва, поттикната од идентичните неодамнешните коментари на генералот кој рече дека Украина не може да постигне воена победа, притоа истакнувајќи дека зимата може да понуди можност за дипломатски ангажман.

И Мили и американскиот министер за одбрана Лојд Остин рекоа на заедничката прес-конференција денеска дека САД ќе ја поддржуваат Украина „колку и да биде потребно“.

Мили денеска ги намали изгледите за каква и да е скорешна директно воена победа на Украина, предупредувајќи дека Русија сѐ уште има голема борбена моќ и во самата Украина и покрај повлекувањата кои Западот ги означува како руски „воени неуспеси“.

„Веројатноста за украинска воена победа, дефинирана како истиснување на Русите од цела Украина, вклучително и од Крим, веројатноста тоа да се случи во скоро време не е голема, воено“, рече Мили на заедничката прес-конференција со Остин.

Меѓутоа, Мили смета дека е можно политичко решение. Остин, пак, додаде дека Украина самата ќе реши кога е вистинското време за преговорите.

Според Мили, Украинците треба да продолжат да ги притискаат Русија, но доаѓа зимата и студот, така што воените операции природно ќе бидат забавени.

Остин се согласи дека ќе дојде до забавување на воените операции, но рече дека доаѓањето на зимата не значи дека Украинците ќе престанат да се борат. Рече, исто така, дека американските стручњаци на теренот помагаат во истрагата за експлозијата на ракета во Полска.

Во вторникот вечерта во селото Пшеводув, во југоисточното полско Лублинско војводство близу границата со Украина, падна ракета за којашто веднаш синхронизирано од Варшава и од Киев рекоа дека е руски проектил. Тоа предизвика тревога во целиот свет, бидејќи Полска е членка на НАТО кој напад на една своја членка го смета за напад врз целиот блок, и стравување од директен судир на 30-члениот воен сојуз и Русија.

Полска и НАТО во средата попладнето рекоа дека најверојатно станува збор за заталкан проектил на украинската противвоздушна одбрана а не за руски напад, што го навести уште рано утрото американскиот претседател Џо Бајден. Но украинскиот претседател Џо Бајден во средата вечерта беше упорен дека експлозијата не била предизвикана од украинска ракета.

Министерот Остин реле дека САД собираат информации, „но не видовме ништо што би било спротиставено“ на сугестиите од НАТО и од Полска дека веројатно паднал украински проектил на противвоздушната одбрана.

Руското министерство за одбрана претходно објави дека врз основа на снимките од остатоците од ракетата во медиумите станува збор за проектил од ракетниот систем „С-300“ од советско производство кое првенствено е одбранбено противвоздушно оружје. Меѓутоа, Москва потенцираше дека украинската противвоздушна одбрана немала потреба да дејствува на границата со Полска, бидејќи во вторникот руските сили не изведувале воздушни удари ниту во појасот од 35 километри од украинско-полската граница, ниту врз украинската престолнина Киев.

Генералот Мили изјави дека по инцидентот во Полска имало неуспешни обиди за комуникација со руската страна.