Не се ни обидоа да ни го земат – сами им го дадовме! Името!

ФБ статус на професорката Елка Јачева- Улчар)

НА БЛАЖЕ КОНЕСКИ

Учителу драг, не се ни обидоа да ни го земат – сами им го дадовме! Името! Да, тоа славното што не го даваа таквите како Вас, Анте, Гане… ама откога ве нема „тешка несреќа ги збра и мажите и жените“ и овде „тажи тажна ека и навева сал коб и зла“!
И во уште нешто се излажавте, учителу: Ни пченицата наша триж плодна е, ни животот наш! Ни старци има да излезат, еве, сал „момци се фаќаат скокум;
не издржа срце – сив сокол во клетка,
не издржа пламен жив потулен во око,
не издржа младост што сака да летне!
Се залула оро! Се заврте земја,
и чиниш – се корне стресениот век,
и околу трпнат ридиштата темни
и враќаат ек“, ама во амбис!

Само за едно имавте право: синџир СМЕ на робја и гриземе усни, стегаме срце клето да не пушти вик! Од болка! А болката кога свети – тешко, тешко, тешко клети!

<