Не се воведуваат нови мерки во врска со квалитетот на воздухот

По информација на Министерството за животна средина и просторно планирање, на денешната седница Владата на Република Македонија ја разгледуваше состојбата во врска со квалитетот на амбиенталниот воздух.

Најновите податоци покажуваат дека концентрациите  на материи и честички во воздухот од пред дваесетина денови се видно намалени и се очекуваа нивното количеството во идниот период да остане во овие прифатливи граници.

Владата зазема став да не се воведуваат нови мерки во врска со квалитетот на воздухот, а остануваат да важат само препораките за граѓаните. Влада на РМ препорачува и понатаму максимално да се внимава на квалитетот на  огревниот материјал кој се користи, да се возат што е можно помалку автомобили и  населението помалку да се изложува на отворено

Како потсетување,  согласно одлука од Владина седница, од 30 декември 2013 година престанаа да важат мерките за ослободување од работа на лицата со возраст над 60 години, бремените жени и лицата со астма, како и организирање на работите на отворено во временскиот интервал од 11 часот до 17 часот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.