Не се знае колку ќе чини новата Унверзална сала

Универзална сала денеска дожиевеа уште една епизода од децениската сапунска серија за нејзина реконструкција. По неуспешните обиди на претходната градска власт конечно да го реши проблемот со дотраениот и запуштен објек, што беше симбл на солидарност и репрезентативно здание на Скопје, актуелниот градоначалник Петре Шилегов во февруари годинава јасно посочи дека и оваа година нема пари за реконструкција.

Денеска, пак, официјално беше потпишан договор меѓу Град Скопје и Министретсвото за култура, со заеднички финансии  доградбата и реконструкцијата да почне следната година.

Но, освен свеченото потпшување на договорот, градоначалникот и министерот Роберт Алаѓозоски, немаа одговори ни според кој проект  ќе се случува реконструкцијата, ни за кога поточно таа е планирана, а ниту пак колку би чинела или колку пари предвидуваат за тоа.

– За жал, нашата метропола, поради состојбата во која се наоѓа Универзалната сала, нема соодветен простор за културно-уметнички манифестации меѓу 1.000 и 5.000 илјади луѓе. Во моментов нашите национални установи од културата во Скопје, филхармонијата, операта, Македонскиот народен театар и другите театри излегуваат во пресрет за да се надомести овој недостиг, но тоа создава дополнителни предизвици во нивната редовна дејност, рече Алаѓозовски.

Единствена информација беше дека во соработка со Министерството за култура разгледувале три веќе изработени идејни решенија за реконструкција и доградба, и требало од нив да се изработи  нов, според кој што ќе се изработи главниот изведбен проект.

Предизборно беа изработувани и презентирани во јавноста многу проекти, од кои беше реализирано само преименувањето на овој објект. Предизборните ветувања се провлекуваат уште од 2009 година. Ниту претходната локална, ниту претходната централна власт не направија напори да изградат нова сала, рече Шилегов.

Последниот проект за обнова на салата го подготви Градежниот институт Македонија во мандатот на претходната градска власт. ГИМ доби обврска од Град Скопје да го преработи и да го прилагоди стариот проект за обнова на салата од 2008 година на „Архангел бојс“ откако се покажа дека проектот за обнова на салата во форма на јајце е прескап.

Од 2012 година до сега се сменија повеќе проекти и бројни ветувања, како дел од секоја изборна кампања на локалните избори за градоначалник на Град Скопје.

Салата веќе две години е затворена за посетители. Објектот е изградена по катастрофалниот земјотрес во 1963 година, со донации од 35 земји од светот. Изведена е како привремен објект со челична конструкција, а проектот е на бугарски архитекти. Последен пат била реновирана во 1978 година.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.