Не сме глупи „амбасадоре“ (2)

Ова е втората од неколку колумни кои му се посветени на „Амбасадоре“. Неговата штетна улога е неспорна и агресивно навредувачка.

Во минатата колумна напишав дека Н.Е. Дирк Јан Коп припадник е на одредени дипломатски кругови кои не’ гледаат како „Диво Племе“, кое не разбира апсолутно ништо посебно во делот на човекови права. Да запомниме ЧОВЕКОВИ ПРАВА.

Еве да му поставам неколку прашања, на кои и јас ќе давам одговор. „Амбасадоре“ го познаваш ли Вили Лагес? Крвник кој учествувал во депортација на 70.000 Евреи од Холандија во логорите на смртта. Твоето Кралство му судело и бил осуден на смрт. Подоцна му ја смениле пресудата во доживотен затвор, а подоцна наводно поради болест крвникот Вили Лагес е префлен во неговата Германија да живее слободно до неговата смрт.

Дали „Амбасадоре“ знаете кога се извинивте како велелепно Кралство полно со човекови права на Евреите за нивниот погром во логорите на смртта во бројка од 140.000, а не се вратиле никогаш 102.000? Во 2020 година друже „Амбасадоре“.

За разлика од Холандезиве, во Македонија имаме Меморијален центар на холокаустот на Евреите од Македонија со одлука на Владата на 23 Април 2002 година.

Но, кога станува збор за човекови права ги интересира само ЛГБТ заедницата. Па, само педери и лезбејки Ви се во главата „ Амбасадоре“. Јас апсолутно мислам дека секој од нас има право да биде што сака, ама тоа не му дава право да го загрозува другиот во било кој облик.

Да објаснам уште еднаш колку е штетна одлука дека АВМУ има право да додели донација без конкурс од 5 милиони денари на одредена продукција кој ќе била активна за време на изборите. Оваа продукција која го емитува својот производ на МРТВ на директен или индиректен начин веќе е платена од парите на граѓаните од страна на МРТВ.

За да нема големо размислување. МРТВ се финансира од радидифузна такса во голем дел и таа истата се исплаќа директно од буџетот на Македонија. за сите сега што сакаат да коментираат прво да ја прочитаат книгата од Монро Прајс и Марк Ребок, па да пробаат да дигнат глава како „кртови“.

Од радиодифузна такса исто се финансира и АВМУ. Пари на граѓаните. Но, се финансира и од надомест за лиценца од Радијата и Телевизиите.

ЗАПАМТЕТЕ СЕГА „АМБАСАДОРЕ“ ТИ И ТВОИТЕ „ПАЈТАШИ“ МЕДИУМСКИ ЕКСПЕРТИ.

Во случај на вишок на пари во АВМУ, парите се враќаат на две адреси. Буџет на Македонија или рамномерно на Радијата и на Телевизиите, во овој случај да кажеме ако 5 милиони денари се 4% од вкупниот приход од лиценците толку назад ќе вратиш на сите. Да бидам поедноставен. Кога големиов „Амбасадор“ ќе додели финансии за неговите замислени човекови права, бара финансиски и наративен согласно програма извештај од соодветната организација и тоа точка по точка. Доколку останале пари назад кај граѓаните во Холандија.

Затоа да заклучиме. Сите советници се со изминат мандат. Согласно закон чекаат нов избор и нивното место е формално правно чисто, а за морал сами нека си одговараат. Се отворија два конкурса во последниве 6 години, а политичкиве „убавини“ од сите партии не гласаа. Кога се отвара конкурс се одлучува за 30 дена.

Е сега како седи директорот внатре? По кој конкурс е па он? Овој се вика Зоран Трајчевски. За доделувањето на донации ги има насанкано советнициве да влетаат во донации како сомови на дудак.

И сега идеме на Гранде Финале. И сега доаѓаме до моето лично човеково право. Да ме бираат и да бирам. Со устав загарантирано. Најверојатно сега „Амбасадорот“ ќе разбере што се малцински права за време на политички избори организирани од државата.

Со амин на „Абасадоре“ главни мангуп за човекови права, дали знаете дека ако се кандидирам за политичка функција на непосредни избори преку мал политички субјект дека имам право на 10.000 евра доделени од државата да се рекламирам на следниве субјекти: Телевизии, Радија, Онлајн медими и Билборди.

И сега секој од Вас ќе каже па добро. Амааа немам право да користам сопствени средства кои може легално да ги ставам во промет.  Да дообјаснам. Значи немам право да потрошам плус пари.

ОВА СЕ ВИКА НЕО ЛИБЕРАЛЕН ФАШИЗАМ „АМБАСАДОРЕ“.

Е сега сите медиуми се регулираат со „Lex Specialis“ кој ги дерогира сите други закони. Он важи само за телевизии и радија. Онлајн медиумите, како НетПрес на пример, апсолутно неможе никој да ги ограничува во ниту еден дел. Освен дека мора да дадат рамноправен дел за време на избори во финансиското рекламирање и новинарскиот пристап.

Билборди се регулираат. Значи Големите имаат право 560 билборди платени од државата, а јас ќе имам 5. Да бев градоначалник во Струга ќе ги закупев сите билборди до Кичево во Изборна единица 5 и ќе ги канев сите на поезија во Струга од април до септември со паролата: „Орелски крилја имаме сите. Биди и ти Стружанец“. Нема закон кој може да го спречи ова дело.

Со молчењето на оваа неправда кон нормалниот свет „Амбасадорот“ со сите свои дејанија продолжува да ги стимулира нашите деца и пријатели да ја напуштаат нашата земја и да се кажуваат она што не се. На пример Бугари за пасош.

„Амбасадоре“  запамти не сме глупи.

Некорумпиран колумнист Виктор Грозданов!

Автор: Виктор Грозданов за НетПрес

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.