(Не)среќник, „изгребал“ 250.000 евра на лотарија и не му ги даваат парите

Не може да си ја земе сумата од 250.000 евра што ја добил на лотаријата „греб-греб“ во Белгија, поради нелегален престој. Наградата е преголема за да се плати во готово, а мажот-Алжирец, ги нема документите што се потребни за да отвори сметка во банка.
Неговиот пријател кој се обидел да ги земе парите, бил набрзо уапсен поради сомнение за кражба, а добитниот тикет сега се наоѓа во судот во Бриж, недалеку од местото каде што е купено.
Победникот вели дека сака да ги искористи парите за да изгради сопствен живот во Белгија.
– Кога ќе ги добијам парите, ќе купам стан во Брисел. Можеби автомобил – изјавил за локалниот дневен човек чиј идентитет не е откриен.
28-годишниот маж нема валидни лични документи или постојано сместување. Неговиот адвокат Александар Верстрете изјави дека лотариската компанија не може да му ја исплати добивката бидејќи тој не може да отвори банкарска сметка.
– Проверуваме документи кои ќе можат да го докажат неговиот идентитет. Ќе мора да стапи во контакт со семејството во Алжир – изјави адвокатот.
Портпаролот на лотаријата не прецизираше за агенцијата АФП кои документи се потребни за тој да ја преземе наградата.
Адвокатот рече дека властите ветиле дека нема да го депортираат човекот додека не ги добие парите. Добитникот пред четири месеци го напуштил Алжир и со брод пристигнал во Шпанија. Тој стаса до брегот на Франција, а потоа дојде во Белгија.