Не стивнува налетот на коронавирусот: уште 27 починати и над 1.100 новозаразени

Во последните 24 часа во Македонија се направени 4.045 тестирања со кои се регистрирани 1.129 нови случаи на коронаинфекции, а во истиот период потврдени се уште 27 смртни исходи како последица на компликации предизвикани од Covid-19, објави во средата Министерството за здравство.

Вкупниот број ковид-дијагностицирани лица во земјата од почетокот на епидемијата изнесува 143.162, бројката на оздравени пациенти е 118.946, на починати е 4.289, а бројот на активни случаи изнесува 19.927.

Пријавени се вкупно 27 починати лица: 12 од Скопје (60г, 65г , 66г, 66г, 69г, 73г ,74г, 77г 78г, 78г, 79г и 82г), по 3 лица од Битола (60г, 66г и 79г) и Охрид (58г, 66г и 77г), по 2 починати лица од Куманово ( 59г и 75г) и Тетово (54г и 68г) и по едно лице од Прилеп (86г), Велес (56г), Гостивар (76г), Струмица (73г) и Кичево (63г). Од пријавените пациенти, еден е починат во домашни услови, а другите се починати во болнички услови.

Од 1.129 нови случаи на Covid-19 во Скопје се 458, Битола – 96, Куманово – 82, Прилеп – 54, Велес – 47, Тетово – 44, Кавадарци – 36, Гостивар – 33, Штип – 32, Кочани – 28, Кичево – 27, Охрид – 25, Струмица – 22, Валандово – 18, Неготино и Гевгелија – по 17, Струга – 15, Радовиш – 13, Ресен – 10, Берово и Пробиштип – по 7, Свети Николе, Крива Паланка, Делчево и Виница– по 6, Демир Капија, Демир Хисар и Кратово – по 3, Крушево, Богданци и Пехчево – по 2, Македонска Каменица и Дојран – по 1.

Регистрирани се 1.152 оздравени пациенти од: Скопје – 574, Куманово – 69, Велес – 67, Битола – 64, Прилеп – 60, Тетово – 45, Кавадарци – 38, Штип – 35, Струмица – 30, Гостивар – 27, Кочани – 16, Неготино и Гевгелија – по 15, Радовиш – 12, Ресен – 11, Кичево и Пробиштип – по 10, Крива Паланка и Виница – по 8, Берово – 7, Демир Капија – 6, Дебар и Валандово – по 4, Свети Николе – 3, Охрид, Делчево, Богданци, Демир Хисар, Пехчево и Дојран – по 2, Кратово и Македонски Брод – по 1.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)
Скопје 63788, активни 9196
Куманово 7749, активни 1222
Прилеп 7686, активни 1026
Тетово 6751, активни 663
Битола 5424, активни 1234
Велес 5057, активни 775
Гостивар 4894, активни 500
Кавадарци 4880, активни 587
Штип 4611, активни 449
Охрид 4575, активни 770
Струмица 3657, активни 518
Струга 2823, активни 242
Кочани 2501, активни 300
Кичево 2261, активни 296
Неготино 2075, активни 269
Гевгелија 2051, активни 372
Свети Николе 1381, активни 132
Крива Паланка 1149, активни 88
Ресен 1145, активни 232
Радовиш 1013, активни 144
Берово 946, активни 103
Делчево 901, активни 86
Дебар 890, активни 55
Пробиштип 741, активни 65
Виница 697, активни 100
Валандово 605, активни 97
Крушево 451, активни 117
Богданци 448, активни 69
Демир Капија 389, активни 54
Демир Хисар 350, активни 50
Кратово 346, активни 24
Македонски Брод 337, активни 41
Пехчево 243, активни 20
Македонска Каменица 217, активни 8
Дојран 130, активни 23

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.