Не успеал да ја силува, па ја ограбил

Гостиварец сакал да силува сограѓанка, па откако не успеал ја ограбил, информираше МВР.

Станува збор за Х.Л. (26) против кого полицијата поднесе кривична пријава за силување во обид.

Според полицијата, инцидентот се случил на 03.12.2017 година околу 3.20 часот во близина на кафетерија на улица Браќа Гиноски во Гостивар. Тогаш осомничениот се обидел да ја силува гостиварката Е.Г.(22), при што и нанел телесни повреди и и ја одзел чантата.

Судија на претходна постапка на Х.Л. му определи мерка притвор од 48 часа.