Не верував дека ќе го смените името, но го сменивте! – За американската амбасадорка сме направиле „повеќе од доволно“ за ЕУ

„Ако некој ми кажеше во 2013 година дека оваа земја ќе го смени своето име за да стане најновата членка на НАТО, јас ќе речев ова не е возможно. Ама го сменивте!“.

Ова го изјави американската амбасадорка Анџела Прајс Агелер, на отворањето на меѓународната конференција „Објективот на младите за мир и помирување“ што се одржува во Охрид, во организација на Младински сојуз – Крушево, со поддршка од Амбасадата на САД.

– И денес за вашата иднина и за иднината на вашата генерација имате нов предизвик, а тоа е ЕУ интеграцијата. Оваа земја и овие граѓани направија повеќе од доволното за да ги отворат преговарачките процеси. Влегувањето во ЕУ ќе ја направат попросперитетна и постабилна оваа земја – додаде таа.

Според неа, младите во Западен Балкан се соочуваат со големи предизвици, но имаат моќ да ја подобрат состојбата во својата држава и да ги надминат предизвиците.