„НЕ Зоран Заев, ЛГБТИ заедницата нема да ти прости!“, напиша Пировска од Хелсиншки комитет

Изјавата на Зоран Заев во која го нарекува Бојан Јовановски алијас Боки 13 педер наиде на многу реакции на социјалните мрежи. Една од реакциите е и реакцијата на Извршната директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права, Уранија Пировска. Таа на својот фејсбук профил напиша:

 Гнасно по многу основи! Толку од прифаќањето на различностите и нивното почитување! Тешка демагогија било се што се збореше и правеше претходно!

„НЕ Зоран Заев, ЛГБТИ заедницата нема да ти прости!“

И програмската координаторка на Хелсиншкиот комитет, Билјана Гинова, напиша: „Нема да дозволам хомофоб да ни ја води (доуништи) државата, нека ми извинат политичарите“.