Недела и понеделник денови на жалост, Македонија тагувa по своите херои

Владата на Република Македонија на вонредна седница донесе одлука за определување на деновите 10-ти мај (недела) и 11-ти мај (понеделник) како денови на жалост.

Деновите на жалост се прогласени по повод загинувањето на припадниците на безбедносните сили на Министерството за внатрешни работи во полициската акција за откривање и разбивање на поголема вооружена терористичка група во Куманово на 9 мај 2015 година.

На Деновите на жалост, знамето на Република Македонија ќе биде истакнато на половина копје.