Неделен хороскоп ( 23.05 – 29.05.2016)

ОВЕН

Љубов: Ќе ви се чини дека љубовта е сè подалеку наместо поблиску. Тоа ќе ве нервира и растажи. Треба да сфатите дека не е сè во ваши раце, и другата страна има свои права. Никој не сака да биде угнетуван, па ни вашата избрана љубов.

Работа: Некои ќе се свртат кон непознатото и таинственото. Други ќе гледаат да им помогнат на оние што учат или кои допрва почнуваат да работат. Трети ќе барат можност да работат некаде далеку, ако може на друг континент.

Здравје и совет: На крајот подобро поминуваат оние што се искрени.

БИК

Љубов: Ослободете се од преголемите љубовни очекувања, сега е подобро да бидете реалист отколку идеалист. Одолејте му на искушението на надмудрување. Бидете потолерантни и духовити колку што можете повеќе. Ако партнерот ве испровоцира, немојте тоа премногу да го земате при срце. Тоа ќе помине.

Работа: Брзината со која ќе делувате на работното место ќе биде преголема за да можат да ве следат. Тоа е последица на фактот дека побргу гледате каде треба да интервенирате, па не губите време. Сепак нешто треба да им објасните и на соработниците.

Здравје и совет: Два пара очи гледаат повеќе од еден.

БЛИЗНАЦИ

Љубов: Ве чека добар ветер во грб кога станува збор за љубовта. Ќе ви се чини дека сите погледи се вперени во вас. Со задоволство ќе излегувате и ќе им се покажувате на другите. Оние што се во врска ќе бидат многу расположени за нежности. Некои заедно ќе патуваат или ќе настапуваат во јавност.

Работа: Вашиот деловен интерес полека ќе се насочува кон истражување. Она што сте го постигнале, тука е, но сега на дневен ред доаѓаат некои неиспитани или скриени работи. Некои ќе се обидат да ги досегнат своите соништа на сосема необичен пат.

Здравје и совет: Подобро поврзете се со луѓето.

РАК

Љубов: Од време на време ќе почувствувате мало незадоволство или пречки за љубов кои ќе поминат. Издржете, најмногу затоа што со истрајност ќе видите колку имате сила и колку сакате. Со време сè ќе се стопи само од себе, а ќе остане само она што е добро.

Работа: Кога ви се чини дека сите ги губат илузиите, вие сте доволно луди да не подлегнете. Овие денови ќе го покажете и докажете тоа. Држете се до она што сте го замислиле и спроведете го на дело без да скршнете од патот. Вашите идеи се одлични и ќе донесат резултати.

Здравје и совет: Можете добро да се забавувате.

ЛАВ

Љубов: Поголемиот дел од седмицата ќе го поминете со интересно друштво кое навистина ќе ве освежи. Грижите и пречките од другите области на животот лесно ќе ги надминете заедно со хумор и шеги. Оние што се уште сами ќе бидат отворени за нови луѓе кои со задоволство ќе ве прифатат.

Работа: Ќе се покаже дека вашите потези ќе ве донесат до нови деловни можности. Тоа ќе ви ја зголеми самодовербата, па ќе работите повредно и ќе влечете посмели потези. Некои што работат со недвижнини ќе просперираат повеќе од очекуваното.

Здравје и совет: Поработете на кондицијата. Теретаната ви е блиску.

ДЕВИЦА

Љубов: Овие денови веројатно ќе имате повеќе прилики кога станува збор за љубовта. Ќе ви се отворат многу врати, полесно од вообичаено, ќе ве повикуваат на интересни собири и уште поинтересни места. Ако сте сами прифатете ги повиците и отидете меѓу луѓе.

Работа: Новата енергија која интензивно ја чувствувате ќе ве поттикне на нови деловни потфати. Ќе бидете вешти, конструктивни, отворени и желни за предизвици. Лесно ќе се поврзувате со луѓе, особено со оние што не работат на истото место каде што работите вие.

Здравје и совет: Уживајте во животот.

ВАГА

Љубов: Во првите два дена од седмицата ќе треба да издржите по некоја фрустрација, потоа нема да имате проблем. Ќе станете посилни и имуни, па полесно ќе влегувате во партнерства. Некои ваши љубовни очекувања може да бидат исполнети.

Работа: Нема да изоставите ниту една ситница. Вашата прецизност ќе биде пофалена. Овие денови ќе имате можност да покажете колку сте оригинални. Новините ќе ве разбудат, не само вас, туку и вашите колеги. Ќе размислувате за нов стил на работење.

Здравје и совет: Бидете подруштвени.

СКОРПИЈА

Љубов: Комуникативноста и отвореноста ќе бидат ваши адути за заведување на спротивниот пол. Понекогаш за другите ќе бидете недопирливи. Сепак предајте му се на оној кој го сакате, најмногу за подоцна да не зажалите. Љубовта е можеби блиску, но вие сте далеку.

Работа: Сè повеќе ќе се интересирате за новости во својата професија. Некои ќе се поврзат со луѓе кои се на прагот на интересни откритија кои можат да ги променат работите. Тоа ќе биде ваша мотивациона фаза на која тешко ќе можете да и одолеете. Впивајте ги информациите.

Здравје и совет: Бидете повеќе а воздух.

СТРЕЛЕЦ

Љубов: Многумина ќе се чувствуваат малку осамено, па ќе ги мачат секојдневни копнежи. Оние што се во врска ќе поминуваат низ предизвикувачки период, па ќе им треба многу трезвеност за да го издржат. Нема да трае долго, затоа едноставно поминете низ тоа.

Работа: Ќе верувате дека вие сте заслужни за подобрување на работните резултати. Сепак, тоа нема да биде сосема точно. И другите вложиле подеднакво труд како и вие. Затоа признајте го тоа, така и понатаму ќе соработувате и ќе работите поправедно и помирно. Онака како што треба.

Здравје и совет: Водете сметка за критериумите.

ЈАРЕЦ

Љубов: Оние што се вљубени, ќе сакаат со полно срце, а другата страна ќе им возврати со помал интензитет. Сепак нека го прифатат она што го имаат затоа што во пар, секогаш сме во иста фаза. Деновите се добри за љубов и социјален живот.

Работа: Ќе функционирате како спортисти кои лесно ги одработуваат тренинзите. Многумина на работа ќе испробуваат нови вештини и ќе ги откриваат деталите на професијата. Тоа ќе биде уште една фаза на учење и напредување. Исто така, добро ќе соработувате со другите.

Здравје и совет: Занимавајте се малку со критериумите на убавина.

ВОДОЛИЈА

Љубов: Следните два дена вашите љубовни стремежи ќе бидат со платонски карактер. Ќе чувствувате сè поголема потреба за љубов, но и ќе сонувате за своите идеали. Поради тоа некои ќе бидат во дилема дали да излезат или да се повлечат.

Работа: Соработката со угледна или влијателна личност полека доаѓа во прв план. Вие ќе бидете тркалото што е важно во целата игра. Затоа немојте да бидете премногу скромни, изразете ги своите амбиции. Осознајте ја својата позиција и своите можности.

Здравје и совет: Околу себе ќе ширите ведрина.

РИБИ

Љубов: Ако сè уште барате сродна душа, обрнете внимание на личностите кои ги среќавате преку работата. Некој одредено време ве набљудува и копнее по вас. Ако сте во врска, вашиот однос е стабилен, а двете страни тежнеат кон заедништво.

Работа: Некои од вас ќе започнат мали домашни работи и ќе земат слободни денови за да ги завршат. Тоа ќе се покаже како полн погодок. Оние што остануваат на работното место ќе мора да завршат некои заостанати работи кои чекале извесно време. Ништо посебно.

Здравје и совет: Батериите наполнете ги со хоби.