Неделен хороскоп

Овен

Работа

Уште една работа недела, но овој пат ќе биде многу успешна за вас. Ќе бидете радосни поради подобрата позиција на работа.

Љубов

Партнерот ве поддржува и тука е за сите важни моменти. Прашањето е каде сте вие?

Здравје

Добро се чувствувате оваа недела.

Бик

Работа

Колегите немаат големо разбирање за вас. Потрудете се да ги поправите односите и да бидете помалку себични.

Љубов

Заљубени сте, но тоа не сакате да си го признаете ни себеси.

Здравје

Ви годи физичка активност.

Близнаци

Работа

Не очекувате помош од колегите, но таа ќе биде добредојдена. Не знаете како да се поставите кон нив.

Љубов

Ви се допаѓа една личност од работа. На вас е да го направите првиот чекор.

Здравје

Намалете ја нервозата.

Рак

Работа

Вашата финансиска ситуација се подобрува, но и вашата позиција на работа. Се е добро и така треба да биде.

Љубов

Заљубени сте и среќни.

Здравје

Добро се чувствувате оваа недела.

Лав

Работа

Работните услови не се најснајни, но не очајувајте. Вие секогаш умеете како да се извлечете од секоја ситуација.

Љубов

Ви оди добро во љубовта, само така продолжете.

Здравје

Внимавајте на настинки.

Девица

Работа

Вие умеете да бидете одличен соработник и треба да го искористите тоа за да напредувате во работата. Целете кон поголеми нешта.

Љубов

Во врската, се одалечувате еден од друг, но тоа не значи катастрофа. Можеби ви е потребен простор.

Здравје

Избегнувајте зачинета храна.

Вага

Работа

Немате причини за грижи, работите се онакви какви што треба да бидат.

Љубов

Романтични сте, ви годи љубовта оваа недела.

Здравје

Можна е кивавица.

Шкорпија

Работа

Успехот е загарантиран кога знаете што сакате и како да го постигнете тоа. Ова ќе биде многу успешна недела за вас.

Љубов

Сакате да им се допаднете на сите околу вас.

Здравје

Проблеми со зглобовите.

Стрелец

Работа

Уште некое време ќе бидете под стрес, а тоа особено се однесува кога станува збор за финансиите. Крајот на неделата ви носи подобра ситуација.

Љубов

Послушајте ги советите на луѓето кои ви се блиски, не трчајте по љубовта.

Здравје

Проблеми со грбот.

Јарец

Работа

Работите не одат како што треба, но вие сте експерт за снаодливост. Време е да ја смените стратегијата.

Љубов

Сакате една личност која сметате дека вам ви припаѓа, но тоа ве мачи. Работите не се така едноставни.

Здравје

Солидно.

Водолија

Работа

Вие сте личност која повеќе се води од интелект отколку од емоции, па така треба да постапувате и оваа недела. Деновите пред вас ви носат многу предизвици, останете рационални.

Љубов

Блескате со шарм и самодоверба, ги освојувате сите околу вас.

Здравје

Можни се главоболки.

Риби

Работа

Вашата позиција на работа е стабилна, но можеби треба да размислувате за подобри опции. Го заслужувате тоа.

Љубов

Сјаен ден за среќа и љубов. Можен е заеднички почеток.

Здравје

Проблеми со дишењето.