Неделен хороскоп

194

Некои знаци ги средуваат семејните односи, други успеваат да западнат во големи проблеми, додека кај трети нема никаква особена динамика, што во овој период на ретрограден Меркур всушност и воопшто не е лошо.

Што му носи оваа недела на вашиот хороскопски знак?

Овен

Семејните проблеми ќе заземат поголем дел од вашето време. Успевате да најдете баланс меѓу личните и желбите на вашите најблиски. Оваа недела ви носи и жестока борба на работното место, но не преземајте драстични чекори додека ситуацијата не се излади и не стане јасна. Бидете скромни и трпеливи.

Бик

Има личности кои ви се наклонети и вие навистина уживате во таквиот третман. Ги цените ситниците, а знаете и да возвратите. Решавате важно финансиско прашање оваа недела. Ќе ви се отворат повеќе можности, важно е само да не правите избрзани и погрешни чекори. Бидете реални и професионални. Движете се повеќе.

Близнаци

Со саканата личност стекнувате нови и заеднички искуства поради кои успевате и подобро да се запознаете. Ако не сте во врска, ќе бидете отворени за нови познанства. На работа минете низ чуден период, после кој ќе сфатите дека е време за нешто ново и поинакво. Чувствителни сте на стрес.

Рак

Иако многу очи се вперени кон вас, вие не чувствувате потреба да одговорите на никои од нив. Но, не се затворајте дома, излезете и забавувајте се. Можно е некои делови од работата да ви се причинат потешки од вообичаено, но тие всушност цело време биле такви, а вие сте биле поинаку расположени. Време е да одморите.

Лав

На приватен план се нижат многу настани. Сакате да имате контрола, но ништо не можете да доведете во ред. Бидете трпеливи и покажете му на партнерот дека навистина ви значи. Каков проблем и да има на работа, вие ќе бидете најгласни кога се во прашање промените. Внимавајте што правите. Ако можете, поминете што повеќе време во природа.

Девица

Малите несогласувања ќе бидат последица на ситни недоразбирања. Не избрзувајте со носење нагли одлуки за кои подоцна ќе се покаете. Фокусирајте се на важните нешта. Со голема леснотија ги решавате проблемите на работното место. Ќе се изненадите и самите себе од сопствената смелост. Одете таму каде има повеќе луѓе, потребно ви е друштво.

Вага

Ќе ги активирате фантазијата и креативноста за да можете да решите извесни проблеми од вашиот приватен живот. Имате многу идеи за бизнис и за слични предизвици. Сакате да создадете нешто по кое ќе бидете препознатливи. Побарајте помош од луѓе на кои им верувате и бидете упорни во исполнувањето на целите.

Скорпија

Сакате да поминете што повеќе време со своето семејство. Ако сте во врска, имате турбулентен период после кој сите проблеми треба да ги ставите на маса и да не ги премолчувате. Нервозни сте поради работата бидејќи веќе не можете да се провлекувате на старата слава. Обидете се подобро да се одморите.

Стрелец

Можно е да се чувствувате осамено. Добро би било ако го искористите тоа за да се запознаете себе подобро, да мирувате и да медитирате. Ситуацијата со финансиите е малку напната, морате добро да ги анализирате своите трошоци и да согледате каде правите грешка. Бидете објективни. Почнете да вежбате редовно.

Јарец

Се појавуваат низа прашања поврзани со вашата врска. Веќе почнувате да преиспитувате многу нешта. Најдобро е тоа да го расчистите прво со себе, а потоа да пристапите кон решавање на проблемот. На работа пак, функционирате многу лесно и мотивирани сте. Внесувате креативност во својата работа па успевате да бидете подобри од другите.

Водолија

Личните односи и нивната стабилност конечно стануваат ваш приоритет. Секој атом енергија го посветувате токму на тоа. Не сте задоволни од приходите, бидејќи мислите дека можете да постигнете многу повеќе. Нашиот совет е да бидете реални за можностите. Не се заморувајте со непотребни грижи.

Риби

Секој ден има сè повеќе интересни настани во вашиот приватен живот. Ќе заблескате на многу начини и ќе им се допаѓате на сите околу вас. И на работа ситуацијата исто така е добра, иако се соочувате со навистина строги критериуми за она што го правите. Имате капацитет, а на вас е само добро да се организирате.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.