Неделен извештај за измерени средно-дневни вредности на емисии од главните емисиони точки во Цементарница УСЈЕ

Цементарница УСЈЕ и овој петок го објави редовниот Неделен извештај за измерени средно-дневни вредности на емисии од главните емисиони точки во кругот на компанијата, кои се однесуваат на периодот од 12-ти до 18-ти август 2022 година, кој укажува дека емисиите од работата на цементарницата секогаш се под граничните вредности одредени со законите.

                                                                           ***

  • Емисиите од работата на Цементарница УСЈЕ постојано се под граничните вредности определени со Закон

Од 2007 година, емисиите на Цементарница УСЈЕ  се мониторираат 24 часа, 365 дена во годината од страна на независен, автоматски систем за мониторинг (вкупна прашина, SO2 и NOx), кои се контролирани од страна на надлежните органи. Компанијата не е во можност на каков било начин да влијае врз резултатите.

  • Производството запира доколку филтрите не работат

Технолошкиот процес оневозможува работа на погонот без работа на филтрите.

  • Цементарница УСЈЕ не влијае врз зголемување на присуството на PM10 честички во воздухот

Паралелното мерење на амбиенталниот воздух (PM10 честички)  во кругот на Цементарница УСЈЕ не покажува меѓузависност со состојбите со амбиенталниот воздух измерени на други мерни станици, надвор од цементарницата.

  • Работењето на компанијата постојано е следено од страна на Државниот инспекторат за животна средина

 

  • Кога печките на Цементарница УСЈЕ работат, тие работат 24 часа

Цементарница УСЈЕ  поради технолошки и деловни причини работи во текот на целото денонокие. Печките или работат континуирано (24 часа) или не работат.

  • Производството на цемент е поинтензивно лете, отколку зиме

Поради поголемата сезонска побарувачка на цемент, производството е поголемо лете, отколку зиме.

 

Цементарница УСЈЕ ги поканува сограѓаните, невладините организации, граѓанските групи, медиумите во кое и да е време да ја посетат компанијата и да добијат одговори за сите прашања од интерес. Посетите ќе со одвиваат согласно условите пропишани со протоколите за справување со пандемијата Covid-19.

Контакт e-mail: contact@usje.mk

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.