Недоправените Геро и Кабран во одбрана на „ебозовната“ европска политика кон Македонија

Што ти е бре судбоносен избор! Или „слободно“ избираме да чистиме туѓи гомна во земји уништени во војни или слободно ги оставаме нашите зависници од измет, пропагандистите во новинарството, да ја засеруваат Македонија. Во Скопје повторно во време на матурски прослави е убиено едно дете. Ужас! Е, ама ужасот од вака насилно прекинат живот, за пците на војните, платените убијци, за вампирите и профитерите не е од никаква полза ако не се претвори во повод за општа војна. Како и секоја година од последниве осум, Македонија сезонски е нападната од бранови организирана, координирана и платена медиумска хистерија на една глутница бесни пци, кои се палат на мирисот на крв. Тие се тешки зависници од Соросови, холандски, грчки, швајцарски, усаидовски, бндовски пари. Без смрдеа не можат. Индоктринирани се до коска. Тупави се. Слуги се.

Како такви не се презираат себеси, туку ги мразат сите што не се како нив. Оперирани се од совест и од морал. Затоа народот ги нарекува недоправени. Ништо не знаат, за ништо не ги бидува, ама самобендисани се. Искомплексирани се и сон им е да личат што повеќе на своите господари. Сонуваат за тоа да организираат линч, да ловат вештерки и јавно да спалуваат, да бидат и обвинители и џелати. Ги возбудува секој блам на Македонија, секој национален неуспех, секоја шлаканица, плуканица врз Македонците. Како што секој слободоумен човек тежнее своето семејство, својот народ да го види горд, успешен и слободен, така овие наши серковци сонуваат да ја видат Македонија поробена, клекната на колена, обесправена, обезимена и обезнародена. Тие се духовни следбеници на Мане Мачков, фашист по идеологија, садист по менталитет. Тие се диво месо во македонскиот национален организам. Генетички модифицирано семе, кое по природата на нештата требало да заврши како дркотина во ќенев, а зашто случајно се „зафатило“ вирее со клетвата на творецот – нивните татковци.

И немој некој од овие тапоглавци да ме тужи кај Гудрун Штајнакер или кај Дуња Мијатовиќ за непрописен говор, ќе се зезне, оти во случајов само го парафразирам уметникот Горан Стефановски и неговата драма „Диво месо“. Го кажувам ова за да не се срамам јас поради нив оти тие не се ни свесни дека служат за „курташак“ мајтапи во европските кулоари.

Во Македонија со години се случуваат вакви поводи за почнување граѓанска војна. На исти места, во слично време, со исти актери и иста глутница бесни медиумски пци. Лани беа масовните тепачки, преклани вевчанскиот карневал, оломлани, петкратниот масакр кај Смиљковско Езеро, пред тоа серија „навивачки“ судири кај Нерези, пред мостот „Обединети нации“… Обид за „востание“ поради А1, па обид за граѓански судир и преврат по сегашното украинско сценарио…

Филмот ич не го гледајте. Досаден е до тука бидува! Геро, Кабран и нивните ученици хушкачи пак тргнаа во лов. Го подготвуваат теренот за „новиот триумф“ на нивните големи господари. Оти Украина дебело ја засраа, па сега, како мал одмор, ред е да му се навртат на Балканот. А кој ако не Македонија е најпогодна за тоа. Македонија е под жесток притисок на закани и уцени од „партнерите“ и „пријателите“. Бараат сега или никогаш самата да се укине како држава. Бараат да си го смени името, а Македонците да престанат да постојат со политичка одлука. Ако може своја. Ако не, тогаш со војна. За да се оствари тоа им треба загомнета ситуација. Нефункционална држава, со онеспособени институции, дезориентиран и исплашен народ препуштен на смрдлива медиумска пропаганда и дејство на божемна опозиција, подготвен да се коле за да му се наполни душичката на Геро и Ацо, на Фрчко, Ѓунер, Сашо Цафуре, Ерол, Ѓорѓија, Заев ем Шеќеринска.

Првиот чин заврши очекувано. Се загрижи ОБСЕ. А богами и џубоксот Дуња Мијатовиќ. Првите страници од есенскиот извештај на ЕК веќе се напишани во нацрт-верзија, која до финалето нема да претрпи големи промени. А нема, зашто, како што гледам, глутницава од хиени пак му се наврте на Миленко кој, како и тие, користејќи ја слободата на говор, кажа за холандската амбасадорка дека била секси, односно ебоповикателна. Море, море, се крена бре цела пуританска ем цивилизирана Европа на нозе. Истата што застана во одбрана на слободата на изразот на еден тупав Данец, кој се мајтапеше со пророкот Мухамед, онаа што затворила очи и не ги гледа цутот и маршот на криптофашизмот од Норвешка, Латвија, Полска до Украина, која ги напујда и наоружа човекојадците, паликуќите и силеџиите во Либија, Сирија, Нигерија, Мали, Украина, инаку колеги на нашиве медиумско-експертски милитанти.

До таму отиде работава што германската амбасадорка, која сега службува во Македонија, барала интервенција од Владата. Е, тоа е да видиш, па да не веруваш. Од една страна ја караат Владата оти многу се мешала во новинарските работи, а од друга, бараат енергично да се замеша за потоа тоа уредно да го обележат во некој од нивните фамозни извештаи. Односно, се бара Владата на Македонија да го забрани Миленко и да му го одземе правото слободно да се изразува, односно со зборови да возврати на оркестрираните напади на глутницава, кои никој не ги регистрира, иако може цела книга да се напише.

Геро, кој успешно ја спали Македонската енциклопедија, кој неуспешно го предводеше востанието на Велија и Бранковото парламентарно востание, кој прв ни јави каква уставна преамбула ни смислиле неговите сопственици во Вашингтон и прв се заложи Македонија да ја снајде украинска судбина за да се изврши странска интервенција, како предводник на глутницава и се згна на „ебозовната Холанѓанка“, која не си ја одиграла добро улогата на навреден амбасадор. Не му се налутила прописно на Миленко. Како и да е, му ја нарушила тактиката за „двоен удар“ на Герота. Сѐ што ќари овој пат е Владата да се огради од говорот на омраза. Што веќе е досадно клише и општо место. Веројатно Миленко сега е под притисок да каже дека холандската амбасадорка не е секси. Дека тој всушност мислел на холандската и на германската политика кон Македонија. Таа е секси, да не кажам ебоповикателна. Како што се впрочем Геро, Ацика и Фрле и, секако, неизоставната џубокс-дама задолжена за медиумските слободи во фрај Еуропа.

Овие две собитија навестуваат возбудливо лето и цинична есен. Сега во секоја пригода ќе ни стигнуваат непријатни и неповолни изјави од професионални лајачи, кариеристи и бирократи, односно од претставниците на политичката класа во концентрациона ЕУ. Координирани се. Вмрежени се. Како што слушнав веќе, Ерхард Бусек на некаков економски форум во Виена благоповелел да „серуцка“ за македонската историја, која крадела од други, а што се гледало во спомениците во Скопје. Нормално, кога нема кој нему да му наброи кој се и што се неговите истомисленици испокрале од Македонија и од преостанатите жртви на овие колонијалистички држави. Ова е логистичката претходница, која го таба патот до првиот негативен европски и НАТО-извештај за Македонија. Резултатот е јасен. Ако Македонија под притисок не се согласи да се самоубие, ќе следува казнена експедиција. Каква, препуштете се на фантазијата. Или подобро немојте. Замислете го најневозможното, ама не за да се преплашите, туку за да се охрабрите и подготвите за самоодбрана. Не познавам нормални луѓе што ќе се предадат на вампири, садисти, бесни пци и човекојадци. Затоа и знам дека соживот и толеранција кон сите форми на фашизам не е возможен. Или тие или ние. Така е тоа. Добрата страна на сето ова е дека девијацијата, бестијалноста секогаш е победувана од човечноста со службен резултат. Впрочем, кој нормален може да сака да биде Геро, кој напишал „во злото нема да учествувам на каков било начин, дури ни со апели да застанеме на страна на доброто“. Божем тој има блага врска што е тоа добро. Па тој уште не сфатил дека е соучесник во злото што на Ирак и Ирачаните им го донесе „ослободувањето“, кое го славеше лично.

Нормален свет илјадапати се засрами за недоброените жртви, а него мува не го лази. Нормалните Германци им свиркаат на своите политичари за фашизацијата на Украина, а тој, искомплексиран милитант, почна уште една воинствена кампања. Сака граѓанска војна во Македонија. Е, ама од искуство се вели дека доброто го победува злото, оти злото напросто не е способно за живот. Нормален.