Недостигот од витамин Д може да ja зголеми веројатноста за развој на тешки форми на Covid-19

Американските лекари откриле дека акутниот недостиг од витаминот Д ја зголемува веројатноста за развој на најтешките форми на респираторната болест Covid-19 за околу 15 отсто, што може да биде поврзано со фактот дека оваа супстанција му помага на организамот да ја стивне претераната активност на имунолошкиот систем, се заклучува во студијата објавена во електронската библиотека medRxiv.

„Нашата прелиминарна анализа, која ги обединува резулатите од набљудувањата на развојот на Covid-19 и резултатите од проучувањата на својствата на витаминот Д, покажуваат дека оваа супстанција може да ја намали смртноста од инфекцијата со новиот коронавирус, со потиснувањето на ткн цитокинска бура – силна воспалителна реакција којашто предизвикува имунитетот да ги нападне клетките на организамот“, се наведува во споменатата научна статија.

Практично, од моментот кога започна заразата со коронавирусот во кинески Вухан, лекарите и биолозите од целиот свет се обидуваат да сфатат кои странични фактори и карактеристики во функционирањето на организамот влијаат врз веројатноста за смртен исход и можностите за развој на тешки форми на Covid-19. Особено последните месеци биолозите откриваат дека срцевите и другите васкуларни заболувања ја зголемуваат веројатноста од летален исход на заразата со вирусот SARS-CoV-2 за речиси пет пати.

На почетокот од април британските научници објавија студија во којашто се открива можната статистичка врска меѓу недостигот од витаминот Д и зголемената веројатност од настапување смрт од зараза со коронавирусот. Според нив, ваквиот модел може да ги објасни разликите во стапките на смртност на пациентите во Италија и неколку други земји во светот.

Витаминот и вирусот

Лекарите од американскиот Северозападен универзитет Еванстон, предводени од професорот Вадим Бакман научник од рускиот Санктпетербуршки политехнички универзитет, решиле да проверат колку силно недостигот од витаминот Д може да влијае врз веројатноста за смртност кај заболените од Covid-19 и можноста за развој на тешки форми од оваа респираторна болест.

Директно подаци од овој вид, како што истакнуваат американските лекари, сѐ уште не се добиени, поради што морале да примента на една итрина што го поврзува витаминот Д со еден аспект од развојот на заразата со коронавирусот. Се состои во тоа што научниците проучувајќи ги својствата на оваа супстанција одамна забележале дека нејзиното количество е директно поврзано со тоа колку протениот CRP, еден од главните сигнали за воспалителен процес, е присутен во организмот.

Водени од оваа идеја, лекарите ја споредиле концентрацијата на овој протеин со податоците за тоа колку често пациентите биле згрижувани на одделите за интензивна нега или умирале како последици од Covid-19 во десет земји најпогодени од пандемијата. Меѓу нив покрај од Кина, истражувани се примероци од Јужна Кореја, Велика Британија, Швајцарија, Шпанија, САД, Иран, Италија, Франција и Германија.

Како што покажале пресметките на Бакман и неговиот тим, пациентите со акутен недостиг од витаминот Д во просек биле згрижувани на интензивна нега во 17,3 отсто од случаите, додека за другите пациенти оваа бројка изнесува 14,6 отсто. Според научниците, тоа укажува на фактот дека недостигот од витамин Д ја зголемува веројатноста од развој на тешки облици на Covid-19 за околу 15 отсто.

Сиве овие резултати, како што потенцираат научниците, сѐ уште се само прелиминарни. За нивно потврдување неопходни се пообемни и подолготрајни набњудувања на здравствената состојба на пациентите, како и директни мерења на нивото на витаминот Д во нивниот ораганизам, заклучуваат авторите на студијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.