Недоволни победи на Баерн и Порто во Лигата на шампионите

Фудбалерите на Пари Сен Жермен и на Челзи изборија во вторникот вечерта пласман во фудбалската Лига на шампионите, иако беа минимално поразени од минхенски Баерн односно Порто.

ПСЖ во реваншот од четврфиналето на својот „Паркот на принцевите“ загиби од Баерн со 0:1, но мина натаму бидејќи во Минхен славеше со 3:2.

Победата на Баварците, кои и овој меч настапија без својот најдобар играч и стрелец повредениот Роберт Левандовски, им ја донесе максом Чупо Мотинг со погодокот во 40 минута, но на крајот ПСЖ се радуваше со што му се одмазди на Баерн за ланскиот пораз во финалето на Лигата на шампионите.

ПСЖ можеше далеку полесно да мине натаму, но Нејмар во 37 минута ја погоди пречката, а во 39 минута ја погоди статувата, а потоа не резлизираше уште две одлични шанси. Во финишот поради проблематично досудена недозволена позиција беше поништен гол на Килијан Мбапе.

Францускиот првак во полуфиналето ќе се соочи со подобриот од утрешниот дуел меѓу Борусија Дортмунд и Манчестер Сити. Во првиот меч Сити на домашен терен славеше со 2:1.

 

Пласман во полуфиналето оствари и лондонски Челзи кој во реваншот загуби од Порто со 0:1, но во првиот меч кој го играше во Севилја славеше со 2:0. Порто победничкиот погодок го постигна дури во четвртата минута од судиското продолжение на мечот, а стрелец беше Мехди Тареми.

Реваншот донесе скромна претстава, Челзи дури во самата завршиница успеа да упати еден удар во рамките на протиовничкиот гол, додека Порто трипати шутираше во раките на англскиот гол од што го постигна и единствениот погодок.

Челзи, за кое ова е првото полуфинале по 2014 година кога беше елиминиран од мадридски Атлетико, ќе се сретна со севкупниот победник од двомечот меѓу Ливерпул и Реал Мадрид, Во првиот дуел во Мадрид „Кралскиот клуб“ славеше со 3:1.