Нефи Усеини не е виновен за тепањето на Спиро Топалоски, пресуди охридскиот суд

Судијката од охридскиот суд, Билјана Белевска–Пројковска, денеска ги ослободи од обвинение советникот од ДУИ во Советот на Општина Охрид, Нефи Усеини и неговиот брат Ибро, кои беа обвинети за напад врз нивниот сограѓанин Спиро Топалоски пред две години, објави „А1он“.

Топалоски прво пред две години ги обвини браќата дека го нападнале пред охридски хотел, а потоа се премисли и даде спротивен исказ.

Иако постојат видеоснимки на кои јасно се гледа како и од кого е тепан Топалоски, тој останал на исказот дека повредите не му ги нанел Усеини, туку непознато лице кое го удрило од зад грб, што е спротивно на она што првично го кажа во Обвинителството.

Нефи Усеини е контроверзен охридски бизнисмен и прв човек на локалниот огранок на ДУИ, чие име беше поврзано со низа скандали и инциденти.

Судијката Белевска Пројковска, во пресудата наведува дека е неспорно дека двајцата браќа го нападнале Топалоски и му нанеле повреди, што е потврдено и со лекарски прегледи и со снимки од видео надзорот, но, поради контрадикторните изјави на Топалоски, судот не утврдил дека тој е оштетен. Сведоците кои биле присутни пред судот кажале дека ништо не виделе.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.