Негативен тестот за коронавирус кај 16 годишната пациентка

Негативен е тестот на 16 годишната пациентка што имала краток преглед кај директорката на Клиниката за кожни болести Нина Цаца Билјановска кај која беше потврдено дека е заразена од коронавирус.

Од Владата брифираат дека утре ќе биде подготвено решението за разрешување на директорката. По консултацијата со Антикорупциската комисија е утврдено дека има член во законот што овозможува итност во разрешувањето, иако е период на предизборие.

Во меѓувреме, тестирани се уште двајца пациенти кај кои резултатите се исто така негативни.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.