Неготинчанец починал на пат кон болница

59

Од Итната медициска помош во Неготино било пријавено дека маж бил пронајден во безсознание во неговиот дом, но на пат кон болница починал.

„На 27.06.2020 во 01.05 часот во Полициската станица Неготино од Итната медицинска помош Неготино било пријавено на ул.„Киро Крстев“, во неговиот дом, во бессознание и без траги на насилство бил пронајден М.А.(43), кој за време на транспортот до болница починал“ соопштуиваат од полиција.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Неготино.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.