Нехигиената во Министерството за одбрана го загрозува здравјето на вработените

Владата на СДСМ повторно покажува голема неспособност со која во опасност се носи животот и здравјето на вработените во институциите. Веќе еден месец во Министерството за одбрана, со кое раководи Радмила Шекеринска нема служба за одржување на хигиената, поради што вработените со право се исплашени за своето здравје.

Вработените на социјалните мрежи објавуваат фотографии, каде се жалат и ја прашуваат министерката Радмила Шеќеринска зошто е ваква состојбата.

Ваквата состојба може да биде опасна по животот и здравјето на вработените во оваа институција, каде тоалетите во моментов изгледаат како извор на многу вируси. Тие се гневни поради неодговорноста која ја покажува Шеќеринска.

Министерката засега нема дадено никаков коментар за катастрофалната состојбата во Министерството со кое раководи.