Неимар дополнително ги налути фановите на Бразил

Најверните фанови на Бразил се во вистински шок откако најголемата ѕвезда во репрезентативниот дрес, Неимар, јавно призна дека поради тимските колеги, Лионел Меси и Хавиер Маскерано, ќе навива за Аргентина во финалниот натпревар.
“Јас сум Бразилец кој навива за Аргентина. Секогаш ги поддржувам соиграчите, се надевам дека „Гаучосите“ ќе триумфираат поради Маскерано и Меси. Заслужија да бидат светски прваци”, изјави крилниот напаѓач на каталонскиот гигант Барселона.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.