Неизбежно

Има една заблуда која сам себе си ја наметнувам, а која потполно се коси со се’ што сум. Прво и основно, да се разбереме, јас сум она што сум, не како прифаќање на мојот органски, структурен и општествен код, туку она што сум избрал, а не наследил.

Јас сум Христијанин

Тоа е првиот избор кој сум го направил, изгледа и идентификациски ми е засега единствен. Не бирав дали ќе бидам човек, маж, Макеоднец, скопјанец, не, во тие предодредености немав никаква улога ниту удел, ниту можам да го изменам сето тоа, но само и само по мој личен избор, пред и над се’ јас сум се крстил како Христијанин. Тоа е моето идентитетско супер-его. Се друго е… друго. Не дека е помалку битно, но е едноставно помалку важно.

Сори!

Мојот личен, свесен избор, да се посветам Нему и да се декларирам како Негов, ги надминува сите атрибути кои ги поседувам! Сите! Јас можам само мојот избор да го сменам, можам да се откажам, но моите браќа и сестри во животот попрво страдале одошто да се откажат од Него.

Може некој и да ми смени и име и презиме, да ми скрати екстремитети, дури и да ми смени пол, раса (!?) се’ што ќе им текне, едноставно нема да го менува мојот стурктурен ДНК, и навистина, не може. Можат да ве оперираат и насила претворат во нешто што не сте, но ќе бидете сепак она што вашите гени го носат. Затоа и не се припотресувам за земските – админостративни поими кои се минливи. Што и да одлучам – остануваат, па дури и ако сум против нив, ако ги отфрлам, формата можеби и некого ќе залаже, но дури и да не сакам останувам она што ми е доделено да бидам. Спактукуларно космичко транс-димензионална е мојата одлука за избор! Затоа што е моја, може да биде и откажана, и преименета, може да биде и најголемата слабост, но и најголемата супер-сила која ја поседувам. Затоа и само на неа сум фокусиран. Оти единствена е подложна на искушенија, да се одречеш од Него и да завршиш во ништо! Тоа е мојот препрогатив врз основ на вера и избор! Тоа е ултимативната слобода – да тежнееш да бидеш како Бог или да се откажеш од се’ тоа заради работи кои заслепувачки делуваат повеќе или помалку битни.

Веруваш? Во што?

Кога си верник веруваш и веруваш во делата на Светите Отци, во Светите Книги и во Светата Книга, мој избор и немам потреба ниту сакам ниту морам да го правдам било кому тој избор. Поентата ми е една сосема друга работа која делува, од световен и атеистички поглед – деградирачка. Имено, знам, знаеме, знаат, дека ќе дојдат „последните денови“, кога светот ќе се обедини како еден, под еден и ќе завладее оној кој е најавен. Оттука, заморувањето со толку плиткиот постулат дали ќе влеземе во НАТО, ЕУ, или некоја нова – идна инкарнација на светска влада, иницирана од исток или запад сеедно, ќе биде иницирана од „долe“ и тоа е и така ќе биде. Со прст да не мрднеме, кажале да или не, едноставно светот ќе го направи тоа не само со нас, туку со сите. Поединци ќе даваат отпор, но вистински верник треба да се бори да се зачува верата лично своја пред се како преогатив и да луѓето си ја спасат душата, затоа што веруваме во спасение и во вечен живот. Затоа, сакале или не, ќе се исполни, Нечастивиот тоа го прави и нема да биде поинаку. Она што не е редетерминирано е како вие лично, интимно ќе се определите. Небитно е дали ќе бидете во една нација или милион ситни мааслски банпи и секако ќе бидат под едни и едиствени логаритми, некому попрости – некому сложени.

Затоа, не се замарам, дали ќе не прими овој или оној, ваму или таму, и кога го правам тоа ми е повеќе како играње џамлии одошто судбинско и суштинско, бидејќи кога се определив како Негов, по неговиот пример знам дека ќе страдам, дека ќе бидам омаловажуван, понижуван, дека ќе доживувам неправди и се додека е така знам дека Тој е со мене.

Пукајте братучеди, се’ можете да земете, она што сум не. Менувајте симболи, имиња, ама воопшто не е битно, битно е каде и кој ќе бидам кога сево ова ќе заврши со мене и каков одговор ќе дадам на Тој Суд.

Затоа „борците за правда“ се’ ќе прават одошто Нему да му се посветaт – е па чорба!

Автор: Јанко Илковски за НетПрес