Неизлечливи болести на славните: Ким има псоријаза, Бекам Туреров синдром, а Миси Елиот Гравесовата болест

Навидум совршени и беспрекорни, но , ни скапата облека и шминката не можат да ги скријата делата на природата. Иако се богати и славни, неколку ѕвезди патат од болести з акои нема лек, туку само третмани со кои им се ублажува маката.

Старлетата Ким Кардашијан има одлична кожа, но само пред камерите и папараците. Таа боледува од псоријаза,  хронична болест обележана со појава на црвенило на делови од кожата, прекриени со сребрено-бели корки со различна дебелина. Псоријазата предизвикува чувство на непријатност, пецкање и чешање.

Славниот фудбалер Дејвид Бекам пати од дури две пореметувања: опсесиво-компулсивно пореметување и Туреров синдром. Тоа и самиот го признал во една прилика, кога изјавил дека секогаш сите работи мора да се подредени или во пар. Исто така, кога отседнува во хотел, сите летоци и книги кои ги наоѓа во собата мора да ги спакува во фиока, затоа што дури тогаш може да се опушти.

Раперката Миси Елиот едно време ги избегнуваше светлата од рефлекторите поради Гравесовата болест. Оваа тешка автоимуна болест влијае на штитната жлезда, предивикува умор и проблеми со видот. Едно време на Миси толку и било лошо што таа не можела ниту да пишува, ниту да вози. Но, најлошото е тоа што не постои лек за оваа болест, но со разни третмани може да му се олесни животот на болниот.

На Џек Озборн, само три недели откако стана татко,  синот на популарниот Ози Озборн му беше дијагностицирана мултиплекс склероза. Тоа е автоимуна болест која го напаѓа имунолошкиот систем, мозокот, а тоа доведува до губење на контролата врз мускулите, видот, рамнотежата и чувставата.

На актеркот Мајкл Џеј Фокс кој се прослави со неколку легендарни комедии, кога имаше само 30 години, му беше дијагностицирана Паркинсовата болест. Таа вест од јавноста успешно ја криеше полни осум години. Но, трагичното во целата приказна е тоа што Мајкл многу млад заболел од оваа болест, затоа што ова пореметување најчесто се јавува во 50-тите години од животот. Паркинсовата болест е пореметување во мозокот кој прогресивно се влошува и предизвикува потешкотии во одењето и влијае на движењето и координацијата.

Прекрасната Памела Андерсон во 2002 година дозна дека боледува од хепатитис Ц. Како што вели, го добила од поранешниот сопруг Томи Ли со кој во една прилика поделила игла за тетовирање. Хепатитис Ц е вирусна инфекција која нема посебно изразени симптоми, но систематски го уништува црниот дроб и води кон цироза. Оваа инфекција не може да се излечи, но со промена на животните навики може да се потиснат нејзините симптоми.

Бренда од Беверли Хилс  или Шенон Доерти во 1999 година се шокирала од дијагнозата Кронова болест. Тоа е автоимуна болест која има тешки и мачни симптоми, како што се воспаление на дигестивниот тракт, грчеви во стомакот, пролив и крвава столица. За жал, и за оваа болест нема лек.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.