Неизменетиот договор за брегзитот веројатно нема да мине во британскиот парламент

Британскиот министер за процесот за напуштањето на Обединетото Кралство на Европската унија, Стивен Баркли открил во средата дека на главниот европски преговарач Мишел Барние му порачал дека не гледа дека неизменетиот договор за брегзитот може да мине во британскиот парламент.

Баркли минатата седмица ги возбуди духовите во Брисел кога на европските преговарачи им рече дека договорот кој со нив го постигна премирката на заминување Тереза Меј е „мртов“. Меј од функцијата ќе отстапи следната седмица, а најсериозен кандидат за нејзин наследник е поранешниот шег на дипломатијата Борис Џонсон, која најаву дека ќе го менува споменатиот договор.

Баркли во средата пред паралемнтарната комисија рекол дека имало многу „дезинформации“ за неговата средба со Барние.

„Она што му го кажав е дека Долниот дом на парлементот го одби трипати… дека, според моето мислење, европските избори дополнително ги зацврстија ставовите во ова тело, како и дека не гледам дека непроменетиот текст би минал во парламентот“, истакнал Баркли.

Иако челниците на ЕУ упорно повторуваат дека нема повторно да преговараат за договорот и дека тој е најдобриот можен, противкандидатот на Џонс за нов британски премиер, актуелниот шеф на британската дипломатија Џереми Хант, минатата седмица повторид дека германската канцеларка Ангела Меркел му кажала дека доколку „новиот британски премиер предложи некое ново решение за границата со Ирска, тие ќе го разгледаат“.

Џонсон е упорен дека брегзитот ќе се случи на 31-ви октомври, а попретпазливиот Хант одбегнува да го наведе датумот и очекува дека тоа би можело да се случи до Божик. Името на населниот на Меј ќе биде познато на 23-ти јули.