Неизвесна поддршката од Бајден и Клинтон за Сандерс

Поранешниот демократски потпретседател на САД Џо Бајден и кандидатката на Демократската партија на претходните претседателски избори Хилари Клинтон не се изјасниле конкретно дали ќе го поддржат сенаторот Берни Сандерс, ако ја добие номинацијата на демократите на претстојните избори.

– Не можам да кажам сега. Тоа ќе зависи од тоа како ќе се однесуваме еден кон друг од сега, па до изборите на кандидатот за претседател, изјави Бајден во Мескатин, шест дена пред партиските избори во Ајова.

Бајден, кој повторно се кандидира за претседателска номинација на демократите, претходно вети дека ќе го поддржи демократскиот кандидат за демократија, без разлика кој ќе биде, и за време на тековната кампања истакнуваше „пеколно ќе му помага“ на секој од неговите ривали за да го победи актуелниот претседател Доналд Трамп.

Анкетите пред првите партиски избори во Ајова покажуваат дека Бајден и Сандерс се изедначени со сенаторката од Масачусетс Елизабет Ворен и поранешниот градоначалник на Саут Бенд, Пит Батигиг.

Ривалката на Сандерс во трката за претседателска номинација на демократите во 2016 година Хилари Клинтон минатата недела одби да каже дали ќе го поддржи ако оваа година биде номиниран оваа година, па и го осуди неговиот политички стил.

Подоцна, таа, донекаде го ревидираше својот став, изјавувајќи дека нејзин приоритет е „пензионирање на Трамп“ и оти, како и секогаш, ќе го поддржи кандидатот на демократите.