Неизвесно дали државната ЕСМ ќе обезбеди струја за домаќинствата – не чека ценовен шок по Нова година

ЕВН хоум распиша нов тендер за набавка на 3621 гига вати, откако на првиот тендер не учествуваше државната компанија ЕСМ, иако има законска обврска да обезбеди 60% од потребните количини за домаќинствата од домашното производство.

Ако и на вториот тендер ЕСМ заради состојбите во кои се наоѓа компанијата, не успее да обезбеди домашна струја по 37 евра за мегават час, ЕВН хоум ќе биде принуден да ја набави целокупната потребна количини на слободен пазар, каде што еден мегават се продава по цена и од 250 евра. Таквата ценовна разлика ќе предизвика дополнителен притисок врз цената на струјата за домаќинствата, која според најавите секако ќе се зголеми двојно на почетокот на следната година.

Дали ЕСМ ќе ги обезбеди потребните количини за домаќинствата ќе се знае до 25 ноември годинава.

Состојбата во енергетиката е во деликатна состојба. Производството е во лоша кондиција, аза да надополни потребните количини Македонскиот преносен систем оператор МЕПСО неколку пати преземал балансна енергија од европските преносни системи, кои деновиве ќе мора да се платат. Заради тоа компанијата веќе петти пат е опомената за недозволено преземање на балансна енергија. Увоз на струја и зголемување на производството, кое ќе чини е единствено решение. За да интервенира државата веќе најави прогласување на енергетска криза, која ќе даде правна рамка за трансфер на средства од државата во енергетскиот систем, со што ќе се надополни загубата, која според проценките за еден квартал изнесува 150 милиони евра.

Владата прогласи енергетска криза за да може да интервенира со 65 милиони евра во буџетот кои се префрлени на сметка на државните енергетски компании ЕСМ и МЕПСО.

И лидерот на опозицијата Мицковски кој како поранешен директор на ЕСМ добро ги познава состојбите потенцираше дека лошо се менаџира со водениот потенцијал.

Овааситуацијаќесеисправисотрошењенабуџетскисредства. Акојаследиместапкатанасредстватакоидосегасепотрошенизакупувањенаструја и сервисирањеназагубитеодзадоцнетитеремонти, тогашдокрајотназиматасуматазасанирањенакризаташтоќетребадасеиздвоиоддржавниотбуџетбиможелададостигне и 250 милиониевра, истакнаМицкоски.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.