Неизвесно учеството на сириската опозиција во „Женева-2“

Сириската опозиција треба да донесе одлука дали ќе учествува во меѓународните мировни преговори следната недела, откако Дамаск предложи некои отстапки, вклучувајќи план за прекин на огнот во Алепо, пренесе „АФП“.

Сириската национална коалиција останува растргната од внатрешните разлики, што го прави неизвесно нејзиното учество на клучните преговори во Швајцарија и покрај притисокот од западните и арапските земји.

Во меѓувреме, американскиот државен секретар Џон Кери ги отфрли предлозите на режимот на Дамаск како потег за одвлекување на вниманието пред конференцијата „Женева-2“.

Преговорите започнуваат на 22 јануари и имаат за цел формирање на преодна Влада во Сирија, што ќе треба да го најде излезот од крвавиот конфликт, што го одзеде животот на 130.000 лица и остави милиони луѓе без дом, од март 2011 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.