Нејмар да не глумеше ќе досудеа пенал врз Џезус

По поразот од Белгија, Бразил за прв пат од светското првенство во 1990 година нема да игра полуфинале на мундијалите, а според легендарниот англиски напаѓач, Ален Ширер, главен виновник за таквиот исход е најголемата ѕвезда на тимот од Јужна Америка, Нејмар.

Ширер е дежурен критичар на Нејмар на ова СП, па не го поштеди ниту вчера.

Според пензиониран англискиот напаѓач, токму двата, премногу наивни падови на Нејмар влијаеле на тоа да по спорното паѓање на Џезус по стартот на Венсан Компани не е досуден пенал и покрај тоа бил анализиран со ВАР технологијата.

Токму поради тоа глумење мислам дека не добија пенал и покрај прегледување на снимкие десет минути подоцна. Затоа беше логично дека секоја сомнителна одлука потоа ќе оди на сметка на Бразил. Нејмар со вакви работи не му помага на својот тим, со таа глума и обиди за мамење, рече Ширер.