Нејмар на Мундијалот лежел 14 минути

Бразилецот Нејмар на Светското првенство во Русија e постојана мета на противничките играчи и често врз него се прават прекршоци. Меѓутоа, тој речиси секоја ситуација ја користи за да одглуми и да полежи на теренот, со што се повеќе ги иритира навивачите, но и фудбалерите.

Театралниот Нејмар со своето симулирање претерува, па швајцарскиот РТС Спорт одлучи точно да да измери колку долго траеше неговото „умирање“ на теренот.

Ѕвездата на бразилскиот тим поминал цели 14 минути лежечки на трева по прекршоци, оправдано и неоправдано. Драмата на Нејмар беше најизразена во натпреварот од осминафиналето против Мексико, кога по стартот на Мигел Лајун помина пет и пол минути во „агонија“.

Навистина, Нејмар е фудбалер врз кого на Мундијалот биле направени најмногу фаули, дури 23, но тоа не го оправдува неговиот „перформанс“.