Нејмар поради ‘тежината на повредата’ нема да игра на Копа Америка

Бразилскиот фудбалер Нејмар нема да настапи на Копа Америка поради „тежината“ на повредеата на зглобот која ја доби на пријателскиот натпревар против Катар во средата, објави Бразилскиот фудбалски сојуз (CBF).

„Поради тежината на повредата, Нејмар нема да успее да закрепне за учество на Копа Америка, која се игра во Бразил од 14-ти јуни до 7-ми јули“, стои во соопштението на CBF.

Бразил во средата во пријателски меч го совлада Катар 2:0, а Нејмар излезе од игра покривнувајќи уште во 17 минута, откако го свитка десниот зглоб,

„Нејмар е прегледан и снимките потврдија дека станува збор за пукнување на лигаментот во зглобот“, се додава во соопштението.