Нејмар се врати со гол против Хрватска

630

Бразилскиот фудбалер Нејмар во голем стил се врати по повредата, откако постигна атрактивен гол во победата на Бразил против Хрватска во Ливерпул.

Најскапиот фудбалер на светот влезе во игра на полувремето и ги раздвижи „кариоките“ кои не покажаа ништо посебно во првиот дел. Нејмар во 69. минута ја „измеша“ цела одбрана на Хрватска по што од петерецот биеше силно над главата на Субашиќ.

Конечните 2:0 ги постигна Фирмињо во 3 минута од судското продолжение.
Нејмар последен пат настапи на крајот од февруари кога се повреди на натпреварот на неговиот клуб ПСЖ против „Марсеј“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.