Нејмар: Тешко е да најдам сила повторно да играм фудбал

Најдобриот фудбалер на Бразил, Нејмар денеска на Инстаграм за прв пат се огласи по поразот од Белгија и елиминацијата од Мундијалот. Фудбалерот на ПСЖ вели дека во моментов тешко му е да најде сила да игра фудбал повторно.

Можам да кажам дека ова е најтажниот момент во мојата кариера, болката е неверојатна бидејќи знаевме дека можеме до самиот крај, знаевме дека имаме услови да одиме понатаму, да испишеме историја. Но не ни било пишано. Тешко ми е да најдам сила да играм фудбал повторно, но сигурен сум дека Бог ќе ми даде сила да се соочам со било што, па нигакош нема да престанам да му бидам благодарен на Бог, дури и во пораз… бидејќи знам дека твојот пат е многу подобар од мојот. Многу сум среќен што бев дел од овој тим, горд сум на сите. Ни го прекинаа сонот, но не го извадија од нашите мисли, од нашите срца, напиша Нејмар.

Во дополнителен пост на Инстаграм стори, Нејмар додаде: „Им благодарам на сите оние кои ни испратија пораки со поддршка“.