Некој сигурно ќе биде згазен во Струмица, а тоа нема да сум јас, порача Николоски

Вчера имав прекрасен ден во Струмица, а денес во Гевгелија, илјадници луѓе очекуваат и ќе донесат обнова на Македонија“, напиша носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 4 Александар Николоски на својот Фејсбук профил!

„Знам дека и Заев знае за тоа. Стига аберот брзо и добар и лош. Заев во напад на паника од извесниот пораз очајно вели дека ќе ме згазел во Струмица. Некој сигурно ќе биде згазен, а тоа нема да сум јас… Она што исто така е сигурно е дека народот ќе го згази Заев на 15-ти јули заради сите понижувања, криминал и неправди кои му ги нанесе!“, констатира Николоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.