Некогаш на сродните души не им судено да останат заедно

Некогаш, колку и да сакаме некого и да го сметаме за сродна душа, едноставно не е судено да го добиено оној толку посакуван „хепи енд“. Прочитајте ја приказната на една жена која поради сплет на околности, животот секогаш ја влечел кон саканиот маж, но истотака и’ ја одвојувал од него.

Сродната душа во нашиот живот секогаш влегува ненадејно

„Имав 17 години, а тој 24 години. Фред и јас бевме во иста Синагога, но нашите патишта никогаш не се вкрстуваа. Еднаш случајно се случи да работиме на исто музички проект во храмот, па тогаш конечно се запознавме“

Имаше црвена коса и неодоливи пеги на образите. Кога ќе се насмееше очите му сјаеја, а неговата насмевка беше толку заразна, што просто потонав во заљубеност. Со недели одевме заедно на проби и таму се запознавме и сфативме колку имаме заеднички интереси. Не помина многу до моментот кога сфативме дека постои неодолива хемија меѓу нас и тој ме праша да излеземе на состанок. Разликата во годините не беше проблем, се додека во еден момент не стана проблем.

За жал, отидов на факултет кој што беше доста оддалечен од местото во кое живеевме и иако уживав додека се образував, Фред многу ми недостигаше. Некако почнавме често да се слушаме по телефон, речиси секој вечер. Неговиот глас и смеење беа така смирувачки и ми даваа чувство дека се’ е в ред на овој свет. И јас му недостигав нему, па поради тоа се обидовме да имаме врска на далечина. Меѓуто,а тоа не функционираше…

Истата нарав нам не ни дозволуваше да бидеме среќни

Кога се вратив од факултет во родниот град, неколку години подоцна, Фред и јас се обидовме да бидеме во врска. За жал, ни тогаш не можевме да функционираме, пред се’ поради тоа што двајцата бевме уметници. Ми требаше некој кој ќе го балансираше тој уметнички хаос во мојата глава и животот и би ми давал чувство на безбедност. Колку и да го сакал Фред, се чувствував многу несигурно кога беше во прашање нашата заедничка иднина, а него тоа го повредуваше. По една гадна кавга, конечно раскинавме…

Кога сакате некого и сфаќате дека никако не можете да бидете заедно тоа баш не е едноставно. Поминаа пет години и понатаму ми недостасуваше. Иако во меѓувреме се омажив за друг, секогаш се надевав дека некаде ќе наидам на Фред. Иако во целост ја прекинавме комуникацијаа по последната кавга, се чувствував грозно што се’ така заврши. И нека сум себична, но ми беше потребен некаков крај, ми беше потребно да го видам и да му се извинам што го повредив.

По долго истражување, го најдов неговиот телефонски број и му се јавив. Го прашав да се најдеме на ручек и се согласи.

Годините поминуваат, но љубовта никогаш

Фред беше особено збувен и исплашен од нашата средба, но се појави во ресторанот. Срцето му чукаше забрзано и никако не можев да се смирам. Ми се приближи и ме прегрна, страсно и цврсто, почувствував колку тој навистина и понатаму ме сака, никогаш претхоно не сум почувствувала такво нешто. Дури ни мојот сопруг не умее така да ме сака. Не можев да го пуштам. Неговата прегратка говореше илјада зборови.

Седевме и зборувавме за се’ што нам ни се случуваше во последните пет години. Не се оженил. Разговараме и за нашата турбулентна љубов и се извинивме еден на друг поради лошите работи кои се случија. Се договоривме да не прекинуваме да контактираме и да продолжиме да се гледаме како пријатели.

Се шетавме, разговаравме, се смеевме и уживавме… Кога ми се роди ќерката, ја одведов еднаш со него на ручек и келнерот праша дали е тоа наше дете, бидејќи имаше црвена коса како неговата. Рече: Не, не е, но требаше да биде.

Знаев дека секогаш сакаше да ме праша да се омажам за него, но никогаш не го стори тоа, бидејќи се плашеше дека ќе го одбијам.

Се појави неверојатна привлечност меѓу нас двајца. Кога бевме заедно, бевме не некој свој свет во кој што бев многу среќна. Се чувствував важно, среќно, сакано – се’ она што не се чувствував во својот брак. Но, што не е чудно за нас, повторно прекинавме да се гледаме. Решив да се посветам на својот брак што пропаѓаше…

Хемијата меѓу две личности никогаш не може да се избрише

И понатаму бевме во контакт преку телефон. Еден ден Фред ме повика и по бојата на гласот знаев дека нешто не е в ред. Ме побара да ми каже дека му откриле рак на белите дробови.

Плачевме, плачевме заедно.

Додека поминуваше низ хемотерапија редовно го посетував во болница. По некое време стана слаб, блед, непрепознатлив.Не го гледав по неколку недели бидејќи немаше сила да излезе од ома за да се најдеме некаде. Се сеќавам дека ме праша кога виде свои стари слики, „кој е тој?, „во што сум се претворил?“. Го бакнав и така лежевме прегрнати со часови во тишина.

Набрзо, за жал, дојде време да се простиме. Овој пат навистина за секогаш. Неговата мајка не повика бидејќи лекарите имале многу лоши прогнози. Нежно го помилував по лицето и плачев. Му заблагодарив што беше така важен дел од мојот живот и му кажав дека го сакам и дека секогаш ќе го сакам. И тоа и официјално беше крај. Од некоја причина, нам не ни беше судено да бидеме двојка во овој живот.

Се чувствувам дека ме гледа одозгора и дека ми дава знаци дека се уште ме сака и дека е тука со мене во мислите. Тој секогаш ќе биде мој и секогаш ќе бидеме заедно.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.